• Latest

Заев: Барам чист мандат за да се посветиме на економијата

January 21, 2020
Фото: Креирано со помош на ВИ

Десетици европратеници ќе присуствуваат на Прајдот во Будимпешта, пркосејќи му на Виктор Орбан

June 19, 2025
Фото: веб-страницата на претседателот на Украина,

(ВИДЕО) Зеленски оддаде почит на загинатите во рускиот напад врз Кијив

June 19, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Конфликтот на Израел со Иран не ја заврши војната во Газа

June 19, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Сејат смрт, жнеат поделби – граѓаните поделени околу Иран и Израел

June 19, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ МИЈАЛКОВ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто граѓаните треба да ги платат адвокатите на Мијалков?

June 19, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

Путин условува: Ќе се сретне со Зеленски ако Западот „престане да ја притиска“ Украина да се бори

June 19, 2025

Британскиот главен обвинител предупредува дека приклучувањето кон војната против Иран може да биде нелегално

June 19, 2025
Трамп одговара на повеќе прашања од новинарите пред да полета со „Ер Форс Уан“. Фото: 
Forbes Breaking News

Трамп се соочува со негодување од МАГА базата поради можниот напад врз Иран

June 19, 2025

Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта

June 19, 2025

Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицскоски – Дерала

June 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Заев: Барам чист мандат за да се посветиме на економијата

January 21, 2020 17:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Барам чист мандат за да се покажаме на економски план. Лично ќе се посветам со огромна доминација на економијата, за да има вистински економски натпревар меѓу политичките субјекти, заради тоа што уште еднаш кажувам две работи се тие што ќе бидат доминантни во следниот четиригодишен период: економија и трансформација севкупна на нашето општество, истакна денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на средбата со стопанственици во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Посочи дека е економист, доаѓа од реалниот сектор, практичар, и оти во изминатите две и пол години успеале од негативни ставки на БДП од минус 1,8 да стигнат до 3,6, резултати кои можат да бидат уште подобри.

– Имаме квалитетни компании, инвентивни бизнисмени. Навистина сме пример за многу нешта во светот и сето тоа како потенцијал мораме да го искористиме секако во чекор со современите технологии, дигиталните предизвици кои се појавуваат пред нас и сето тоа што претставува предизвик на новото време. Но, и таа севкупна трансформација е заради економијата, бидејќи кога ќе ги прашате граѓаните кога бараат правна држава бараат од аспект дека тоа го подобрува економскиот живот, кога бараат подобро образование на крајот е пак заради економија, дали е за младите за полесно да најдат работни места или бизнисмените и фирмите да најдат квалификувана работна сила, на крајот е сето тоа пак економија, истакна Заев.

Стадиумот до кој стигна нашата земја, посочи, е да зборуваме за економијата и верувам дека ќе бидеме паметни, пред се политичарите на големите политички партии да зборуваат во периодот што претстои пред нас за економијата, идеите, моделите, инвентивноста, кој колку повеќе да бидеме креативни, колку повеќе збор ќе земеме пред деловните луѓе во економијата. – Верувам дека тоа ќе направи еден притисок за идните имплементации на економските мерки што ќе произлезат од тие што ќе ја добијат власта секако, но и опозицијата е исто така важна во сите овие сегменти, рече Заев.

Тој потенцира дека со Сојузот на стопански комори состаноците секогаш биле квалитетни и додаде дека е даден одговор на 78 економските мерки на ССК, со напомена дека 29 се веќе решени прашања, голем дел се започнати да се решаваат, а 13 се во надлежност на општините и останати институции и веќе се адресирани.

– Сојузот на стопански комори е една од најзначајните комори во земјава и нивните идеи сакаме да ги вградиме во нашите политички програми. Научивме многу од соработката со ССК и подготвени сме да ги слушнеме сите идеи, да ги добиеме и писмено како би можеле да ги преточиме и да ги препознаете во програмите, додаде Заев пред денешната средба со деловната заедница.

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска истакна дека нивните барања се многу и ниту едно од нив не е едноставно, за да може сега да се елаборира. Посочи дека остануваат предизвиците кои им се проблем во последните 30 години.

Еден од клучните предизвици, нагласи, е немање на систем владеење на право, нешто кое треба од корен да се зафати и да се изработи да биде во делот на тоа кое е барање не само на приватниот сектор, туку и на секој еден граѓанин кој сака да живее и да работи во државава.

– Доколку немаме ефикасен систем ништо не функционира. Тоа е клучно барање, во делот на оние останатите кои се во линија со него, а се покрај владеењето на правото, се сивата економија, ефикасна ефективна администрација која треба да биде на линија брзо да ги исполнува оние барања на деловната заедница и на граѓаните, затоа што секое непостапување значи губење драгоцени средства, а во економијата времето некогаш значи многу повеќе од тоа што го значат и финансиите, рече Арсовска.

Според неа, бројни се предизвиците со кои се соочуваат, меѓутоа клучот стои во тоа кога има добра квалитетна идеја која е детектирана од приватниот сектор како нешто што треба да се спроведе и да се постапи, истото да се спроведе доследно, да не се зема добра идеја, таа истата да се изобличи и понатаму да се носи во форма на законско решение кое е неприменливо, па се добива нешто кое не може да се примени.

– Европската унија е патот кој сите го сакаме и посакуваме не толку затоа што сакаме да бидеме во елитно друштво каде нема бариери меѓу државите и каде самата цел е да влезете и да бидете дел од ЕУ, туку затоа што ни требаат сите оние работи кои треба да си спроведеме за да стигнеме до неа, а тоа е да имаме функционалност на институциите, да имаме владеење на правото и се да функционира беспрекорно, да имаме зголемување на животниот стандард, да имаме природно зголемување на платите, се она кое на една современа држава и треба која се наоѓа во срцето на Европа, додаде Арсовска.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека апелирале уште од минатата година кога беа најавени предвремените парламентарни избори дека годината ќе биде во знакот на политиката, а не во знакот на економијата.

– Затоа и кажавме дека сите компании што сакаат да прават долгорочни планирања ќе остават најпрво да видат што е она кое политичките играчи ќе го дадат и ќе го предвидат за да знаат во која насока треба да се движат, затоа што никој што ги стекнал своите средства сигурно нема да ги ризикува во своите долгорочни планови, да ги изгуби доколку не знае она кое што го спомнаа и претходно, доколку нема предвидливост, односно доколку не знае што носи утре, истакна Арсовска.

Во врска со тоа дали ќе успеат политичките чинители да се оттргнат од политиката и да се посветат на економијата посочи дека доколку знаат што е за нивно добро, најпрво како луѓе кои претендираат да бидат власт би требало да сакаат да се оттргнат од политиката и да се посветат малку на економијата, затоа што ако не се посветат сега, верува дека оваа е една од најкритичните години кога можеби и ќе нема веќе на што да се посветат, доколку не се фокусираат тоа да го сторат годинава.

– И на крај треба да се оттргнат од оној политички клиентализам кон кој сите целат 30 години на крај да разберат дека не се парите што го вртат светот, светот веќе го вртат дигиталните технологии, го вртат претприемачите, го вратат новите идеи, паметните луѓе и сите оние кои можат од ништо да направат многу. Тоа треба да им биде фокусот и треба да се фокусираат на сите оние кои можат да придонесат квалитетно да се живее и работи во Македонија. Тоа е економијата, тоа се претприемачите, тоа се луѓето со добри идеи, додаде Арсовска.

Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека државата е дојдена до стадиум во кој политичките прашања се решени, само треба да се одржуваат, негуваат и имплементираат.

– За мене е ризик уништувањето на Преспанскиот договор, прво затвораме еден нов сосед повторно со можно ново вето, ретроградни процеси, кавги со соседите и слично. И затоа секој пат ќе го спомнувам, заради тоа што за мене барем беше потребна сериозна храброст да се постигне тој Договор, ама на крајот е заради економија, заради економски стандард, заради можност за нови соработки со Грција и со светот итн. И не случајно 85 отсто од нашиот народ е за интеграциите во ЕУ и во НАТО, заради тоа што тоа носи пред се и економски бенефити, меѓу другото, најповеќе економски бенефити за државата, додаде Заев.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    511 shares
    Share 204 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ