• Latest

Заев го осуди вчерашниот инцидент на Водно

August 30, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев го осуди вчерашниот инцидент на Водно

August 30, 2018 14:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент на Водно меѓу градежни работници и активисти од граѓанските движења од областа на екологијата, кои протестираа за заштита на шумата.

– Прво да изразам жалење за ваквиот начин на однесување на багеристи и кои било други претставници на изведувачите, работници и наши граѓани коишто работат. Апсолутно осуда е ваков настан макар и преку закана дека некој ќе нападне човечки живот или не знам што ќе направи за да ја извршува својата работа, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека ветиле дијалог по ова прашање и дека се одржале десетици и десетици состаноци со граѓанските активисти затоа што се работи за нашето Водно, за белите дробови на Скопје, но истовремено се работи за проект којшто ќе биде од огромна еколошка пред се вредност, а понатаму и од економска вредност за граѓаните.

– Секоја цевка заштедува илјадници дрвја пред се и на Водно, а и на Шар Планина заради тоа што гасоводот води према Тетово и Гостивар. Јас се надевам дека сите заедно внимателно и будно ќе продолжиме да го следиме проектот на реализација на гасификацијата која што поминува во подножјето на Водно заради тоа што дефинитивно која било друга алтернатива може да направи само поголеми штети од ова што сега го имаме, истакна премиерот.

Атернативата преку Скопска Црна Гора, како што посочи Заев, според пресметките дупло повеќе прави штета во кубни метра дрвја.

– Овде се проценети 1.400 метри кубни дрвја коишто ќе бидат десеткратно најмалку надокнадени. Знаете дека токму поради аргументираните сугестии на граѓанските организации, на граѓанските движења од областа на екологијата, периметарот на сечењето на шумата од 25 метри е намален на 10 метри, остануваат 25 метри надвор од шумскиот појас и продолжуваме во дијалог токму со нив во организација на овој проект. Немаме намера ништо да биде така избуткано со сила. Токму во разговор и во дијалог со граѓаните трудејќи се да ги запазиме сите еколошки аспекти ќе продолжиме во реализацијата на овој значаен капитален проект за граѓаните, за државата, но и за екологијата во Република Македонија, рече Заев.

Според него, изградбата ќе застане таму каде што граѓанските движења од областа на екологијата имаат замерки, а таму каде што немаат замерки ќе продолжи.

– Секако, таму каде што има замерка внимателно ќе слушаме, ќе разговараме, ќе гледаме во дијалог да ги најдеме решенијата. Посветени се институциите. Јас гледам брза реакција од МЕР директно преку изведувачите, извинувањето веднаш се случи, дури имаа и одредени санкции коишто се покренати. Тоа го видов уште од вчера, но истовремено стојам дури и јас на располагање и сите државни институции да бидеме максимално посветени преку дијалог да изнаоѓаме решенија на вакви проблеми. Не случајно граѓаните наши реагираат. Тоа не е така од што им текнало, туку има причини за тоа. Ако има причини институциите се должни да слушаат внимателно и преку тоа да изнаоѓаат решенија како да се постигне и реализацијата на проектите, но и еколошки сето тоа да биде безбедно, рече Заев. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ