Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција изјави дека ќе побараат од претседателот Пендаровски лидерска средба, за да ги обзнанат партиските ставови за изборите поради новонастанатата состојба со вирусот корона.
„Ризикот од одржување на изборите ја прави понепријатна состојбата, со помислата дека треба да се оди на избирачки места каде што граѓаните би биле изложени“,изјави Заев.
Тој најави дека дека одлуката за одложувањето на изборите ја донеле синоќа. Овој предлог рече Заев, ќе биде презентиран на денеска закажаната седница на Советот за национална безбедност.
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/597662117489227/
Заев потсети на почитување на мерките и препораките за заштита од ширење на вирусот и ја поздрави професионалноста и пожртвуваноста на надлежните институции во врска со КОВИД -19.
За следниот датум за избори, доколку се одложат, Заев изјави дека тоа зависи од доста фактори, а пред се од состојбата со вирусот корона.