• Latest

Заев: Прифативме многу препораки од опозицијата, можно е решение за законот за ЈО

July 24, 2019
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Прифативме многу препораки од опозицијата, можно е решение за законот за ЈО

July 24, 2019 15:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев смета дека може да се приближат ставовите околу новиот закон за Јавното обвинителство и оти голем дел од препораките на опозицијата се прифатени.

– Позициите ни се јасни, но јас гледам дека се приближуваат и дека можеме. Точно е дека прифативме голем дел од препораките од опозицијата. Се гледа. Уште еднаш да појаснам. За да може да најдеме решение во кое ќе успеат сите да кажат дека се победници во функција на своите аргументации, правиме припојување на СЈО кон постојното ЈО за организиран криминал кое го менува своето име и за висока корупција. Нема потреба да седат Заев и Мицкоски да бираат обвинители, рече Заев одговорајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција.

За спомнувањето на Вилма Русковска како шеф на идното Обвинителство за орагнизиран криминал и висока корупција, премиерот рече дека тој не ја предложил туку кажал кој во моментов го води Обвинителството и кој го има мандатот.

-Не ја предложив јас Русковска за шеф, не ми се допаѓаше ни мене пред пет, седум, девет години, но кој ме прашува мене. Обвинителите ги бира Совет на јавни обвинители. Во Обвинителството постои субординација и координација. Тоа е нормален процес. Решението што ВМРО-ДПМНЕ го бараше и написмено во овие работни групи беше да се откажеме во опстојување на самостојноста на СЈО во идниот период, да не биде посебно одделение, туку да се припои. Го направивме тоа. Верувам дека имаме решение и дека овие денови ќе ги отвориме дебатите. Треба да и учиниме и да и помогнеме на државата и ова прашање да го тргнеме од дневниот ред, рече Заев и додаде дека јавно-обвинителскиот систем ќе продолжи и понатаму да се темели на истите полуги и ќе функционира согласно Уставот. Обвинителите ги бира Советот за јавни обвинители и нека конкрурираат таму, рече Заев.

Прашан за коментар за вчерашната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека била искористена и злоупотребена во врска со случајот „Рекет“, и дали има дополнителни информации за случајот, Заев кажа дека нема сознанија, ниту, пак, ги барал. Посочи дека се води истрага за овој предмет која на таранспарентен начин треба да покаже за што се работи.

На новинарско прашање дали по обелоденувањето на „Рекет“, чувствува дека некои пораки од бизнисмени и други лица се упатени до него, Заев одговори дека не се плаши и оти ќе продолжи со поддршката за бескомпомисна борбата против криминалот и корупцијата.
-Тоа го заслужуваат граѓаните и тоа мора да се сработи. Секој што се огрешил од законите ќе си одлежи затвор или ќе биде казнет согласно законите. Може да се обидуваат, но ние нема да потклекнеме во борбата против криминалот и корупцијата. Но, секогаш апелираме пресумпцијата на невиност да се почитува, не смее да се прави масакар врз луѓето, а најмалу од нас политичарите, рече Заев.

За барањето на новинарот Бранко Героски за средба со него, премиерот порача дека има истражни органи и дека таму треба да ги пријави сите докази и аргументи.

– Има истражни органи, треба да оди таму и да пријави. Сите докази и аргументи, ред е да оди и да ги пријави заради тоа што презумпцијата на невиност постои за секој. Нема што да доаѓа кај мене. Јас не сум ниту обвинител, ниту истражител. Пијам кафе со секој, седам со секој, немам проблем, но на оваа тема нема што да разговара со мене. Треба да пријави во истражните органи, ЈО, МВР, финансова полиција…, секаде каде мисли дека е соодветно, според доказите и аргументите што ги има, порача Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ