• Latest
Зоран Заев / фото: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Заев: Работиме да ја трансформираме Северна Македонија како нов регионален центар на иновации

February 23, 2021
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Работиме да ја трансформираме Северна Македонија како нов регионален центар на иновации

February 23, 2021 16:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Зоран Заев / фото: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Зоран Заев / фото: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Посветени сме и работиме со сите сили да ја трансформираме Северна Македонија како нов регионален центар на иновации. Во постковид ерата која е пред нас час поскоро треба да ги впрегнеме сите алатки како што е и акцелераторската лабораторија во изнаоѓање на иновативни решенија кои за сите нас ќе создадат економски патеки, кои се пред се зелени, инклузивни и праведни.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев во обраќањето по повод официјалното  отворање на нова акцелераторска лабораторија на УНДП во Скопје, која е дел од најголемата и најбза мрежа за споделување знаења за одржлив развој и опфаќа 116 земји во светот.

Премиерот Заев, посочи дека, како дел од стратегиите на оваа Влада за прв пат имаме таканречен Национален старт ап совет кој правикраткорочна и долгорочна стартегија за трансформација на македонскиот старт ап еко систем . ФИТР, додаде тој, е сериозно посветен на овие цели, но и на креоирање инвестициски фонд со кој сериозно ќе се подобрат моделите на финансирање на микро и почетните бизниси.

„Една од најважните лекции кои ги научивме во целиот овој кризен период е дека добрите решенија доаѓаат преку дијалог, вмреженост, отворена мисла, критички став и капацитет за адаптација. Затоа во сорабнотка со УНДП и поддршката на Владата на Велика Британија започнуваме отворен и инклузивен процес за пишување на националната развојна стратегија за следните 20 години. Само преку вклучување на целото општество во националните развојни процеси можеме да се осигураме дека ќе стигнеме до најдобрите решенија и дека никој нема да биде запоставен. Ќе продолжиме во истатаа оваа насока заедно со нашите стартешки партнери да градиме пријателства, да разменуваме искуства, а со тоа да градиме зелена просперитетна бизнис иднина за сите наши граѓани“, рече Заев.

На конференцијата по повод отворањето на акцелераторската лабораторија преку видео врска се обрати и администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Ахим Штајнер, од неговата канцеларија во Њујорк, кој истакна дека работата на 92 акцелераторски лаборатории кои се дел од претстваништвата на УНДП и локалните иновациски екосистеми е од огромна важност.

„Членовите на лабораториите истражуваат, експериментираат и градат портфолија на меѓусебно зајакнувачки решенија си цел да се справат со предизвиците на денешницата како загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот, разорниот социо-екоомски импакт на КОВИД – 19 врз најранливите категории и ред други“, рече Штајнер.

Во 2021 година акцелераторската лабораторија во С Македонија ќе се фокусира на иницијативви за забрзување на систематски трансформации и реформи во јавниот секктор, кои ќе ги унапредат практиките за добро владеење базирани  на пристапот за целосно општетство. Лабораторијата ќе ја поддржува земјата и во справување со проблемите поврзани со работните места на индината и ќе соработува со Град Скопје на развој на портфолио на интрервенции со кои ќе се адресираат главните развојни предизвици.

На настанот насловен „Трансформација на системи – креирање на иднината“ свое излагање предвидени се на светски реномирани говорници на тема „трансформација на системи“. Поради ограничувањата за справување со пандемијата, настанот ќе биде од хибриден карактер каде што поголемиот дел од говорниците и гостите ќе учествуваат преку онлајн врска.

Акцелераторските лаборатории на УНДП, кои ги има во 116 земји во светот, имаат за цел да развијат нови и иновативни пристапи за справување со комплексни глобални предизвици како климатските промени, пандемиите и нееднаквоста. Дел од лаборатории се отворени со помош на Федералното министерство за економска соработка на Германија и на Фондот за развој на Катар како и главните партнери на УНДП./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ