• Latest

Заев: Стопанството да ги искористи потпишаните договори со Бугарија и Грција

September 4, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Стопанството да ги искористи потпишаните договори со Бугарија и Грција

September 4, 2018 15:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските компании да ја зграпчат новата шанса и мудро, ефективно и иновативно да ги искористат потпишаните договори со Грција и Бугарија.  Досегашните опструкции и пречки за максимална бизнис соработка со овие два соседа се отстранети, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Заев на трибина во Стопанската комора истакна дека во овој сегмент постои сериозен мегдан што може да се искористи за нови профити, за раст и развој на државата.

– Грција е земја со пристаниште најблиску до Македонија, а инфраструктурното поврзување со Бугарија сериозно се интензивира.  Секогаш бизнисот знаел на најинвентивен начин да ги искористи пријателските конекции на нашата земја. Очекувам преку поголема трговска размена и меѓусебно инвестирање, да се подобрат бизнисот и економските параметри, рече Заев.

Според него, за инфраструктурното поврзување со Бугарија досега веројатно немало доволно политички и економски интерес поради слабата размена. Економијата и стопанството не правеле соодветен притисок, но сега темпото е сосема поинакво.

– Сега притисок има од сите страни, и од бизнисот и од политиката и од сите други области. Во моментов се гради патот кон преминот Клепало кај Берово, паралелно со експресниот пат Крива Паланка – бугарска граница. Возобновена е железничката пруга Куманово – бугарска граница во првата фаза, а тече тендерот за втората фаза, вредна 147 милиони евра. Се подготвува да биде објавена и третата фаза од 340 милиони. Дополнително е проектирана и нова гасоводна цевка пред Струмица за да има два конектора од Бугарија, а донесена е и одлука меѓу двете земји за заедничко берзанско тргување, информира премиерот, потенцирајќи дека договорите Бугарија и Грција се постигнати за да им служат на граѓаните и стопанството, за да се растовари бремето и да се негува духот на пријателството.

Заев ги охрабри компаниите да влегуваат почесто во јавно-приватно партнерство. Посебно е приврзаник ваквиот принцип да се реализира во проекти за дефицитарни производи како стаклото и вештачкото ѓубриво за кои, нагласи, Македонија троши стотици милиони евра за увоз.

– Ако се намерите чесни, а постапките транспарентни, страв кај компаниите не треба да има. Цел свет ја користи оваа алатка која силно придонесува во севкупниот развој, на стопанството, бизнисот и БДП, отвора нови работни места, а и извозно посилно се пенетрира. Добро е државата да ви биде партнер иако е слаб менаџер, зашто му дава сериозна позиција на производот што се испорачува, посебно на меѓународен план, објасни премиерот Зоран Заев.

Од трибината во Стопанската комора произлезе заклучокот дека Македонија мора да се качи на мотор од 1.600 кубици и да вози по брза лента ако сака да направи сериозен исчекор, а тоа ќе биде можно само доколку стане членка на ЕУ и НАТО. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ