• Latest

Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе

October 10, 2019
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе

October 10, 2019 13:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска во Нови Сад усвоија заедничка Декларација, која се базира на имплементација на четири основни клучни слободи на ЕУ на Западен Балкан – за слобода на проток на стоки, капитал, услуги и луѓе.

Со неа, како што јави дописникот на МИА, со поддршка на ЕУ, почнува процес на кој се повикани да се вклучат и останатите држави на Западен Балкан.

– Северна Македонија е отворена за секоја иницијатива што ја промовира регионалната соработка, за забрзување на процесот на евроинтеграции на сите земји од Западен Балкан, како што е и Берлинскиот процес, изјави Заев по трилатерална средба во Нови Сад, додавајќи дека ова е важно и за интеграцијата на земјава во ЕУ.

Според него, на овој начин Балканот дефинитивно ќе биде повеќе почитуван од сите други региони во светот, биде покомпетитивен и ќе биде попривлечен за неговите граѓани „да останат, да работат и да го планираат својот живот тука“.

Заев нагласи дека со таквиот пристап Балканот ќе стане попривлечен и за странските инвестиции, кои ќе можат преку широк ресурс да ги прават своите планови врз основа на регионалната понуда што може да им ја испорача регионот.

– Пред нас се можностите да ги искористиме нашите заеднички потенцијали за зголемување на соработката и ќе добиеме повеќе почит и поддршка од ЕУ, ако самостојно покажеме, како што покажавме денеска, дека имаме и внатрешен капацитет да ги исполниме оние очекувања, кои не се искористени како потенцијали, изјави премиерот Заев на заедничката прес-коференција на тројцата лидери.

Тој во име на тројцата учесници на средбата ги повика сите земји од регионот да се приклучат на оваа иницијатива, бидејќи, како што рече, Западен Балкан „дефинитивно е аспирација на сите во делот на унапредување на соработката“.

– Оваа иницијатива испраќа и сериозни политички пораки дека се релаксираат односите во регионот. Балканот не е повеќе како во 19-от век, буре барут, туку Балкан на 21-от век како регион на мир и стабилност, економски развој, ориентиран за интеграциите во ЕУ и квалитетот на живеење на нашите граѓани, истакна Заев.

Премиерот најави дека следниот состанок во овој формат ќе се одржи во Охрид на 10 ноември, каде очекува да бидат соопштени и првите успеси од ваквата иницијатива, да бидат потпишани одредени договори и да продолжио иницијативата за слободен проток на луѓе, капитал и стоки.

– Во 2020 Република Северна Македонија прв пат како земја нечленка на ЕУ, заедно со Република Бугарија ќе копретседава со Берлинскиот процес, што е добра моност за нов силен импулс на зајакнувањето на регионалната соработка и реализација на оваа денешна иницијатива, потенцира Заев.

На прашањето за економскиот бенефит за граѓаните во регионот од оваа иницијатива, премиерот Заев изјави дека „конечна цел е повисок стандард на граѓаните, повеќе пари кај граѓаните, поголема финансиска моќ и постабилно стопанство, нови работни места и слично“.

– На микроплан тоа значи право на младите да студираат полесно каде било во регионот, да се вработуваат полесно каде било во регионот, компаниите недостатокот на стручен кадар можат да го надополнат во целиот регион, поголеми странски инвестиции…. Стануваме пазар на 20 милиони луѓе и со оваа иницијатива ќе испатиме порака на взаемна доверба во институциите и ќе значи раст на БДП, нови работни места и други придобивки на нашите граѓани, истакна Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ