Законот за правична застапеност денеска ќе биде разгледан на владина седница по што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а дури потоа ќе влезе во собраниска процедура.
Предлог-законот, како што денеска изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, е подготвен од група уставни експерти. Правичната застапеност ќе се регулира со подзаконски акти откако ќе се добие мислењето од Венецијанската комисија.
– Овој закон за правична застапеност којшто морам да кажам дека е уставна категорија која произлегува од Охридскиот рамковен договор, го подготви група на експерти во Владата. Законот денеска ќе се разгледа на владина седница и понатаму ќе биде проследен во Венецијанската комисија.
Она што е важно за овој закон е дека вработувањата ќе бидат врз база на компенетност, квалитет и професионаност. Баланерсот е укинат од страна на Уставниот суд и затоа мотивот беше овој закон да го прават група на уставни експерти. Моделот за правична застапеност ќе биде регуларин со подзаконски акти, но по претходни евентуални забелешки од Венецијанскста комисија, изјави Минчев.