• Latest
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025

ИФИМЕС: Самокритичниот пресврт на Вучиќ – шанса за надминување на сегашната ситуација?

July 9, 2025

Мизрахи: До шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од ФЗО

July 9, 2025
Фото: МВР

Еден повреден, приведен сопственикот на отпадот во Визбегово, пожарот се гасне од земја и од воздух

July 9, 2025

Мрежата за заштита од дискриминација бара итно повлекување на Предлог-законот за верски училишта: Противуставен, правно неусогласен и опасен

July 9, 2025
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фото на денот: 1 слика 1000 зборови – добро утро од четвртата економија во Европа

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025 15:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
фото: Влада

фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Се поврзуваме со гасоводите на соседите, што ќе нè направи регионална енергетска крстосница, што ќе значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци, а државава повеќе нема да биде на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на стартот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција.

 

Мицкоски истакна дека овој интерконектор  ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите силна порака  дека државава конечно станува дел од европската енергетска мрежа.

– Ќе изградиме 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Почетниот капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно ќе може да се зголеми до 3 милијарди. Тоа е енергија за раст. Тоа е гориво за економијата. Тоа е безбедност за иднината. Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или 60 милиони евра. Со поддршка на овој проект од Европската инвестициска банка, со Европската банка за обнова и со Европската Унија покажуваме дека можеме да направиме многу повеќе, рече премиерот.

Тој оцени дека почнува нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за нашата држава.

– Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина. Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, нашата земја станува значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред сè за македонските граѓани и домашната економија. Ова што денес го правиме не е симболика. Ова е суштинска промена. Ова е доказ дека, кога ќе се фатиме за работа, кога ќе имаме визија и кога ќе владее одговорност – сè може да се направи, рече Мицкоски.

Овој проект, укажа, не е нова идеја, но, досега остана само како идеја. – Иако беше ветуван претходно, никогаш не беше започнат. Затоа, денес не правиме спектакл за да ги залажеме луѓето, туку да покажеме дека, кога се работи со одговорност, истрајност и вистински намери – резултатите стигнуваат. И ова е само дел од поголемата слика.Се поврзуваме со гасоводите на соседите, што ќе не направи регионална енергетска крстосница, наведе премиерот Мицкоски.

 

Изградбата на интерконкторот, како што посочи амбасадорката на САД Анџела Агелер, е долгоочекуван проект кој демонстрира независност и ги зајакнува врските во однос на енергијата и економскиот развој.

– Стратешка ивестиција во безбедноста, просперитетот и суверентитет. Важно е да се направи енергетска диверзифкација. Важна е регионаната соработка, партнерството. Како најголем производител на ЛНГ, САД сака нашиот гас да се пренесува преку овој гасовод наскоро. Сакаме да видиме економска сигурност и безедност и регионален развој што тој проток ќе го донесе за сите нас. Партнерствата со пријателите и соседите се докажува дека се многу повеќе од бирократски и политички маневри, порача Агелер.

Изведувачот на работите, кумановската компанија „Рапид билд“ треба да ги заврши работите за 22 месеца, односно интерконкторот да биде готов во 2027 година. Од грчка страна интерконекторот е со должина од 123 километри и е речиси готов.

фото и видео: Влада

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ