• Latest
Љубиша Николовски

Заробена држава

November 24, 2022
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заробена држава

November 24, 2022 10:23
in ПОЛИТИКА
Љубиша Николовски

Љубиша Николовски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Каква иронија, Македонија е повторно заробена држава. И повторно од ВМРО-ДПМНЕ, иако е во опозиција. Имено со ВМРО-ДПМНЕ Македонија е осудена да биде заробена, без разлика дали оваа партија е на власт или во опозиција.

Најочигледен показател за тоа е што европскиот пат на земјава, што го започнавме, и е заробен заради уцената на ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот, со што Бугарите би биле вметнати во Преамбулата како посебна етничка заедница, различна од нас- македонскиот народ.

Со тоа се заробени сите граѓани кои сакаат да живеат во европска држава, со европски стандард и плати, да можат да патуваат низ Европа како еднакви со другите и да бараат работа како Македонци, а не како Бугари.

Заробена е со блокадите во Собранието на стотици закони од интерес за граѓаните и селаните и нивниот стандард и животна средина.

Заробена е од лажен патриотизам, од пропаганда и лажни вести.

А е заробена заради незаситната потреба на раководството на оваа партија да дојде на власт по секоја цена.

Таа има јасна цел со ваквото свое дејствување; Да ја закопа Македонија во празнотијата на демагогијата за „горда Македонија“, за да може да манипулира со националните чувства на осиромашените граѓани.

Наместо лагите за „брза лента“ на која ќе ја ставеле кога ќе дошле на власт, всушност ќе ја заглават во вечна статус кво позиција,  оправдувајќи го тоа со преговарање за божемни подобри преговарачки позиции кое, како и во времето на Груевски, ќе трае бесконечно.

Ветуваат дека ќе го поништат Преспанскиот договор и ќе го избришат атрибутот Северџанска, и така лесно ќе го напуштат НАТО.

Ќе го ревидираат Договорот со Бугарија, во кој ќе го зачуваат македонскиот јазик и идентитет, а историјата ќе биде испишана според нашата вистина за настаните и личностите.

Откако тоа ќе го постигнат, ќе одат во Брисел и ќе издејствуваат подобра преговарачка рамка, во која Македонија, со нејзиното „историско име“ ќе добие гаранции дека Бугарија не смее да „кркне“ нешто против нас додека трае преговарачкиот процес.

Она што нема да смеат да го пипнат е Охридскиот рамковен договор. Навидум ќе го мразат, ќе манипулираат со него, ќе поттикнуваат меѓуетничка омраза кај обичните граѓани, декларирајќи дека нема да дозволат македонскиот мнозински народ да биде потчинет во својата држава, ќе ги бројат гласовите само на Македонците на сите избори, но спокојно ќе владеат со онаа албанска партија која ќе освои најмногу гласови на сите следни парламентарни избори.

Така на голема врата ќе го поништат и „Едно општество за сите“ и на задоволство на партиите на Албанците ќе го вратат времето од владеењето на Никола Груевски на територијално и етнички поделена држава, (де факто федерализирана) во која двете страни функционираа по системот Cosa Nostra (наша работа) и немаше мешање во работите на едни од други.

И не дека кога Мицковски ќе дојде на власт нема да има министри Албанци на важни позиции, напротив, ќе има онолку колку треба.

А корупција ќе нема. Мислам, ќе нема кој да каже, зашто тогаш сите ќе молчат. Или ќе бидат платени или „осакатени“.

Кој тоа не го гледа е во длабок, блажен национално-романтичарски, патриотски сон.

Но кога еднаш ќе се разбуди ќе ја види реалноста која нема воопшто да му се допадне. Но нема да има можност ниту да мрдне, ниту да се жали, ниту да плаче. Ќе вика урааааа. Зашто ќе мора.

Имено, ќе прогледа дека власта и сите останати ќе продолжат како и досега да си земаат плата од  истата таа Северџанска Македонија, ќе продолжат да ги спроведуваат обврските од Договорот од Преспа како попчиња, а откако ќе го поништат Договорот со Бугарија, ќе се соочат со такво вето од бугарска страна, што нема да може да го крене ни лостот на Архимед со кој сакал да ја крене Земјата.

Единствениот вентил на празнење на незадоволството на граѓаните кон нив, ќе го канализираат со враќање на говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите. Тој ќе треба да биде нашето чистилиште низ кој ќе се натпреваруваме во тоа кој погадни навреди ќе каже за соседот од другата страна на државата.

Тогаш ќе биде лесно, Гоце ќе си биде наш како и секогаш, исто како и Кирил и Методиј, а тврдината на Цар Самоил во Охрид ќе биде очигледен доказ дека отсекогаш си бил наш цар, македонски.

Се разбира и Ванчо ќе си остане наш, како доказ за континуитетот според кој ние сме говеда на Коминтерната и бугаризирани Македонци.

А клубот Иван Михајлов во Битола ќе добие почесно место и ќе биде финасиран од државата (тајно), додека сите други ќе бидат каменувани, запалени или затворени.

Така, полека, полека Европа ќе не изолиира и ние ќе си останеме да венеме во нашето сивило. Заробени, ама горди Македонци.

Извор: Фронтлајн


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ