• Latest

Зголемени плати за вработените во училиштата

August 30, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зголемени плати за вработените во училиштата

August 30, 2018 14:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во основното и средното образование во октомври, со исплата на септемвриската плата ќе го добијат зголемувањето за пет проценти. Одлуката ја донесе вчера Владата, а денеска во насока на реализација на ова зголемување на платите Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат на образование, наука и култура на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка.

– И овој пат како што ги исполнивме ветувањата за зголемување на платите на вработените во градинките и јавното здравство, остваруваме уште едно ветување за подобар животен стандард на нашите граѓани. Ова е само еден дел од грижата за стандардот на вработените во образованието. Квалитетно образование е наша стратешка определба, а мотивирани наставници се неопходен фактор за остварување на оваа определба, рече премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на потпишување на Меморандумот во Владата помеѓу министерот за образование Арбер Адеми и претседателот на СОНК Јаким Неделковски.

Според него, сигурно ова зголемување од пет проценти не ги исполнува очекувањата на наставниците, но е добар почеток и тој го охрабрува продолжувањето на дијалогот за натамошно зголемување на платите.

Заев изрази уверување дека МОН нема да отстапи од реализацијата на неопходните реформи за модерен концепт на образование соодветен на нашите потреби, можности, но кои ќе ги почитува европските стандарди.

За оваа намена во Буџетот за годинава се одвоени 145 милиони денари во буџетот за исплата на платите во последниот квартал од годинава, а за наредната година се планираат 580 милиони денари.

Со меморандумот, покрај предвиденото зголемување, се утврдува и најниската плата во основните училишта на 12.714 денари и во средните на 13.117 денари.

Според министерот Адеми денешното потпишување на Меморандумот е значаен чекор кон подобрување на статусот на наставниците и оти ќе се продолжи со разговори за тој да се подобри.

– Ние може на хартија да ги подготвиме и најдобрите образовни реформи, да ги креираме најквалитетните наставни програми и учебници, но свесни сме дека имплементацијата нема да го даде најдобриот ефект доколку наставниците не ни бидат сојузници. Правиме максимални напори наставниците да продолжат да бидат клучен партнер во креирањето и спроведувањето на образовните политики, рече минситерот Адеми.

Тој најави дека и реформите во образованието мора да продолжат.

– Сакаме да ги најдеме најдобрите решенија. Сите реформи што беа направени се дискутираат и она што го ветивме ќе биде остварено, појасни министерот.

Одлуката за зголемување на платите ја поздрави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој изрази очекување дека во наредниот период владата ќе посвети поголемо внимание на образованието каде платите се најниски во однос на целиот јавен сектор.

Тој побара да продолжи зголемувањето на платите, но да се опфатат и вработените во високото образование, кои не се дел од денешниот Меморандум.

Порача да се изнајде решение и во иднина да се подобри социјалниот статус на вработените и додаде дека отворено треба да се разговара за сите прашања. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ