• Latest

Жените во време на пандемијата, страв или предизвик, борба или пораз?

May 9, 2020

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Жените во време на пандемијата, страв или предизвик, борба или пораз?

May 9, 2020 11:30
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Како влијае пандемијата врз животот на жените и девојките? Кои се нивните потреби, обврски, навики и каков е нивниот животен стил? Со какви проблеми и предизвици тие се соочуваат откако се рашири вирусната епидемија КОВИД-19? Ова се дел од прашањата кои Граѓанскиот концепт НЕКСУС ги одговара во истражувањето на овие состојби во периодот од 29 април до 1 мај. Во анкетата се опфатени вкупно 1790 жени и девојки.

Дури 71% од испитаничките одговориле дека се чувствуваат добро и немаат потреба од посета на доктор, но има и такви на кои посетата на доктор во дадениот период им била неопходна 9,7%. Стравот од посета на доктор во овој период спречила 9,3% од нив да ја реализираат оваа потреба.

Во однос на расположението 35,6% од испитаничките одговориле дека понекогаш се чувствуваат тажни и дефокусирани, но набргу наоѓаат начин како да се справат со оваа состојба. За разлика од нив 33,4% од испитаничките изјавиле дека уживаат во домашната изолација, а на 16,5% не многу често им се менува расположението и единствено нешто од што стравуваат е вирусот. Изолацијата за 7,2% од вкупниот број на испитанички претставува притисок, од причина што велат дека од нив се очекува да направат се во одреден рок, а притоа немаат никакво разбирање или поддршка од околината. Со сличен процент 7,6% од жените чувствуваат голем страв, анксиозност и психолошко растројство.

На прашањето дали е зголемено семејното насилство во домот за време на пандемијата, и особено за време на полицискиот час, исклучително висок процент односно 82,3% велат дека нема семејно насилство и дека ситуацијата ги зближила уште повеќе, 17% од испитаничките велат дека не многу често, но сепак се јавуваат кавги кои водат кон деструктивно однесување. Додека само 0,5% одговориле дека и претходно имале несогласувања но сега преминуваат во насилство. За 0,2% од вкупниот број на испитанички станало секојдневна појава во овој период.

Во однос на економската активност на жените и девојките и нивната работа, на прашањето дали им недостасува редовната работа 25,8% од испитаничките и во овие услови одат редовно на работа, додека пак 19,4% не се во работен однос. Работата им недостасува на 9,7%, а на 11% не им недостасува премногу. На 4,5% од испитаничките воопшто не им недостасува работата која и онака им претставувала голем стрес.

Истражувањето на НЕКСУС опфаќа и други аспекти како грижа и нега за себе, безбедност, физичка активност, исхрана и здравје.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ