• Latest

Фросина Ременски сподели потресна сторија за онлајн насилството

July 25, 2019
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фросина Ременски сподели потресна сторија за онлајн насилството

Ваквиот речник во насилствата на 27 април во Собранието, ме направија жртва на возрасен „човек“ што можеше да ми биде татко. Но, тој ми посакуваше гроб и физички ме повреди. Го осудија на затворска казна, а човечкото во мене раѓа жал за него и ме става во дилема „каква отштета можам да барам од човек кој немал свест за штетата што ја нанесува на друг“.

July 25, 2019 08:00
in ВЕСТИ, МРЕЖА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетската професорка по безбедност и пратеничка Фросина Ременски, преку лични примери за онлајн нападите и навредите против неа, на социјалните мрежи го сподели своето потресно искуство и човечко и стручно гледиште за онлајн вознемирувањето, заканите, говорот на омраза, дезинформациите и низа други облици на насилството и екстремизмот што се дистрибуираат во јавноста преку медиумите и социјалните мрежи.

Проф. Ременски објави скенови од крајно вулгарни пораки со говор на омраза што ѝ ги испратил извесен Драги Рапешоски, како што тој се претставува на социјалната мрежа Фејсбук. Овие скенови, Ременски ги коментира со следните зборови: „Дијаспора виа Прилеп! Лесно е преку океан .., +18 зад лажни профили и имиња, зад компјутер …, закон „тешко“ да ги фати, ама тет-а-тет тешко некако… Не се жалам, се чудам на овој „порно македонизам“!“

Порака од извесниот Рапешоски до пратеничката Ременски, објавено на 24 јули 2019.
Порака од извесниот Рапешоски до пратеничката Ременски, објавено на 24 јули 2019.
Фејсбук профилот на Рапешоски

Фејсбук профилот на Рапешоски
Фејсбук профилот на Рапешоски
Фејсбук профилот на Рапешоски

По оваа објава, професорката Ременски, со јавноста споделува еден подолг Фејсбук пост кој овде го објавуваме во целост и препорачуваме да се прочита, запомни и сподели до последниот збор:

По објавата на претходниот статус се отвори „дилемата“ дали било во ред од моја страна ваква вулгарна содржина да ја објавам на ФБ, вака јавно и транспарентно, заради тоа што содржината можеле да ја гледаат и деца (вклучително и моите деца) и срамните зборови требало да бидат покриени.

Не велам дека, сугестијата немала добра намера, но поентите за борба против сајбер булингот (онлајн вознемирувањето, заканите, омаловажувањата, говорот на омраза, дезинформациите, сексуалното вознемирување и сл.) во сите сфери се потребна лекција за сите нас.

На дневна основа добивав и добивам неброени пораки од реални и лажни профили на двата ФБ профила (зборувам за заканувачките и вулгарните). Различна содржина со иста цел: закани по живот, закани по деца, закани по семејството и блиските, по домот, по сигурноста, исмејувања и карикатури, монтирани слики со сексуална содржина, да ти ова – да ти она, ќе ти ова – ќе ти она и се што може и не може да замисли здрав разум. За клетвите и проколнувањата не зборам, зошто таков збор и таква мисла нема ниту еден верник од било која религија.

Вакви пораки добивам и од малолетници/чки и од возрасни лица, но доминантно мажи. Дали ова може/треба да биде приватна работа? Никако. Ниту моја, ниту на било кој граѓанин во едно демократско општество!

Кога велиме дека, јавните личности треба да бидат свесни дека, ќе немаат заштита на приватноста (не 100%), тоа не значи исто така дека, ваков вид на пораки се приватни. Некој ќе заклучи, дека постои копче за регулација на приватноста на објавите и алатките на ФБ профилот, а од друга страна се бара транспарентност, став, одлука, достапност и комуникативност со политичарите. Неспоивост која никако не значи и оправданост за било какво вознемирување и закани.

Нема да објавам сѐ што дополнително ќе вознемири, затоа што не сакам да вознемирам и засрамам деца од нивни родители, блиски, баби и дедовци или пак, да засрамам родители од „културата“ на нивните деца (зборувам за вистинските профили, не ги бројам лажните). Претходниот статус е мал показ за степенот на свест и етика во комуникацијата на социјалните мрежи и поттик сериозно да се размисли за тоа какви последици можат да предизвикаат ширењата на вакви и слични пораки кон лица или ФБ заедницата.
Токму ваквите пораки и прибирањето на истомисленици околу нив резултираат со насилства, линч, убиства и многу други последици од различен вид.

Многумина велат: „игнорирај“, „батали ги“, „не се оптоварувај“, „јака си ти“, „издржи“ и слично. Слушам дека, секоја втора жена (јавна личност), независно од припадност, поминува низ слични или исти работи во овој сајбер спејс.

Овој сајбер булинг врз жените, воопшто, но особено врз жените во политиката има неколку клучни цели: да обесхрабри политичко учество на жените, да ги одврати од јасно изразени принципи на говорење и работење, да се откаже од постигнување на инклузивност, да поттикнат насилство од идеолошки причини, да мотивираат фемициди, да поттикнат сексуално насилство, да дискредитираат и да поттикнат афективни реакции кај жената, да поттикнат изолација, намалена самодоверба и суицид, во крајна инстанца.

Накратко, сајбер булингот не е насочен кон сите жени во политиката по правило.

Американското и европското искуство покажува до статистики дека, најчесто на удар на сајбер булингот се жените политичари кои „чепкаат по машките прашања“ или јавно дискутираат за традиционално „машките работи“. Тој политички стереотип во традиционалните општества создаваат најчесто машки мотиви и речник за институционални субверзии и вулгарни испади на сите поддржувачи кои ќе ја лапнат јадицата и овозможат продукт од продолжено дејствие на континуирано сајбер булирање на таргетот.

Јавната свест за овој проблем е на најниско можно ниво и најчесто содржи слични оправдувања како и за делата од омраза, семејното (родово базирано) насилство, политичкото насилство и слично, изразено во фрази „си го барала“, „што се замислува“, „заслужила“, „кој ѝ е крив“ и слично.

Се обидувам и со овој статус да допрам до важноста да се зборува за сајбер булингот и неговите последици, и дека, мора да постојат механизми за санкционирање, осуда и обврска за едукација на секој што го користи интернет просторот.

Ваквиот речник во насилствата на 27 април во Собранието, ме направија жртва на возрасен „човек“ што можеше да ми биде татко. Но, тој ми посакуваше гроб и физички ме повреди. Го осудија на затворска казна, а човечкото во мене раѓа жал за него и ме става во дилема „каква отштета можам да барам од човек кој немал свест за штетата што ја нанесува на друг“.

Протестите пред мојот дом додадоа друг ред „шлаг“ во оваа вулгарна и насилна арена на зборови и „скриени“ намери. Ќе ја палиме, ќе ѝ ја запалиме куќата, не смее од дома да излезе, децата да си ги закопа по албански и што ли уште не. Но, тоа било право на протест на „јавен простор“.

Сечење на кочници на десна предна страна на приватен автомобил во „приватен“ сервис, заради предизвикување сообраќајна несреќа (?!), сечење на гуми…, се прашање за друга постапка.

Незаконско следење од зад грб, провокации од секаков вид, „добронамерници“ со „мака која партијата мора да му ја реши“, а тој „да те реши“ тебе…, се само капка во морето од субверзиите на пропагандниот сајбер булинг и добрите намери.

Децата? Каде се тие во овој круг?

Не, не се во стаклено ѕвоно и не се интернет неписмени. Гледаат, слушаат, читаат, но и учат како треба и како не треба, што е исправно, а што погрешно, учат за морал и култура на говор, учат дека Ромите не се Цигани и дека Албанците не се Шиптари, дека навиваат за Реал Мадрид, а не за партијата на мајка им и на онаа чиешто знаме развеал комшијата; учат да бидат добри луѓе и да плачат кога им се плаче, да не бараат погрешна мета за нивниот бес, дека подобро е да игра фудбал додека мајка им расправа на некоја телевизија за теми кои можат да поттикнат булирање.

И да, знаат што е сајбер булинг, и знаат дека тоа во школо го препознаваат како врсничко насилство, и знаат дека во ниту еден случај не смеат да се здружат против другарче во потсмев или тепачка.

Ќе ги чинат многу нерви овие лекции кои возрасните уште не ги научиле, но ќе бидат добри луѓе со Човечка душа и емпатија; и, дека, недозволиво е да вознемируваат или навредат нечија мајка, татко, дедо, баба, дете…, дека секое дете е најдобро за неговите родители и секоја мајка и татко се најдобри за нивното дете, а дека има и такви кои немаат родител/и, или пак, физички им недостасува нешто, но дека тие се убави, затоа што се посебни деца.

Во САД научивме што треба да се направи и видовме дека не сме направиле ништо, односно молчиме и се надеваме дека друг ќе ни пишува вакви лекции.

Голема е задачата на женските движења, организации, парламентарки, партиски форуми на жени, домашно воспитување и на сите ние заедно.

Не е срамно да кажеш, не е срамно да прашаш, ако не знаеш како!

Срамно е да молчиш и да бараш оправдување дека некој има право да си поигрува со твојата чест и достоинство!

Не е 8 Март, но борбата не е само за права, туку и за право на одбрана од фрустрации кои не ги дава ниту еден закон во нормална земја!

#ДајтеДаЖивеемНормалноАкоМоже
#ДаСеПотрудиме

Фросина Ременски
на Фејсбук

https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/2506367589394480

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share130Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ