Полициски службеници вчера на улица „Самоилова“ во Скопје го лишиле од слобода 87-годишниот скопјанец Х.Р., поради сомнеж дека предизвикал пожар во близина на „Француски гробишта“ при што горела сува трева, а кој набргу бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопшти МВР. Во последниве денови, од почетокот на пожарите во земјава, за намерно или ненамерно предизвикување пожар се приведени вкупно 13 лица.
Вчера, МВР јави и за приведување на едно лице за предизвикување пожар во Дебар.
Претходните денови, од МВР известија дека се приведени вкупно 11 лица, а едно лице само се пријавило во полициска станица, додека дополнително, како што велат оттаму, се работи и во врска со три осомничени лица.
Од Центарот за управување со кризи, како причинители за пожари го издвојуваат човечкиот фактор (намерно и ненамерно), фрлените стаклени работи и друг отпад во сува вегетација, како и искрите од жици на електрични далекуводи.
Со последниот случај во Скопје, од почетокот на пожарите во земјава, за намерно или ненамерно предизвикување пожар се приведени вкупно 13 лица.












