• Latest

16 април: Изборна епидемија

April 16, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

16 април: Изборна епидемија

April 16, 2019 16:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преспанскиот договор како пример за решавање на споровите на Балканот

Преспанскиот договор меѓу Северна Македонија и Грција може да поттикне решенија и на другите отворени прашања на Балканот, смета еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Хан кој минатата недела беше во Вашингтон на разговори со претставници на американската Влада за Западен Балкан, за Блискиот Исток и за Украина, вели дека Договорот од Преспа е резултат и на зедничката поддршка на САД и ЕУ за решавање на долгогодишниот спор за името меѓу Атина и Скопје.

„Мислам дека и двете страни се многу успешни. САД дадоа голема поддршка за она што денес го нарекуваме Северна Македонија“, истакна Хан, повикувајќи се на Преспанскиот договор.

Прогласена епидемија на сипаници на територијата на целата земја

Откако на почетокот на годината, првично во Скопје беше прогласена епидемија на мали сипаници, денеска, Комисијата за заразни болести донесе заклучок да биде прогласена епидемија на морбили на територија на целата држава.

Прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење, да се намали бројот на нови инфекции и да се спречат тешките форми на ова заболување.

Вељаноски на распит за „крвавиот четврток“

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски утрово бил во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да направи увид во доказите од случајот за „27 април“.

Тој е еден од осомничените во новата истрага што ја отвори шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска, која се однесува на организаторите и нарачателите на „крвавиот четврток“. За него се бараше притвор, но Собранието не му го одзема имунитетот, бидејќи Талат Џафери не го стави на гласање во рокот во кој требаше да се гласа.

Покрај Вељановски, во истрагата осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, некогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, како и разузнавачот Никола Бошковски кој е во бегство во Грција.

ИЗБОРИ 2019

Прекршување на роковникот „по правила и прописи“

Иако рокот во кој медиумите може да објавуваат резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес истече синоќа на полноќ, веќе денеска еден интернет портал го прекрши Роковникот.

Според роковникот на Државната изборна комисија, резултатите од анкетите може да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот на одржување на претседателските избори и предвремените локални избори во Ново Село, Охрид и Дебар.

Овој роковник, очигледно, не важи и за интернет порталите. Па така, интернет порталот „Бизнис вести“, денеска објави резултати од анкета спроведена од „МАРКЕТ ВИЖН“, спроведена по барање на друг интернет портал Пресинг.мк.

ДИК најдоцна до утре треба да го предаде изборниот материјал

Државната изборна комисија најдоцна до утре треба да го предаде изборниот материјал за претседателските  и предвремените локални избори во три општини.

Според роковникот на Комисијата, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот за определување на изборите.

Утре на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор можат да се пријават до Општинските изборни комисии. Тие, како и болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено поправните установи гласаат на 20 април, ден пред одржувањето на изборите.

На 20 април гласаат и избирачите кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство.

Во текот на утрешниот ден во Државната изборна комисија гласаат членовите на Избирачките одбори во Дипломатско-конзиларните претставништва и тоа во периодот од 7 до 19 часот.

Изборна хроника

„Независната кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, митингот во Гевгелија го започна со: „Добровечер гевгеличанки, особено за жените од Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ… Македонија наместо да е социјална држава, таа стана социјален случај. Тоа значи дека нешто труло се случува во државата“… Таа додава: „Демократија значи да се биде од народот, со народот, за народот. Оваа власт е авторитарен режим, поданички менталитет, корупцијата владее, има селективна правда, неспособни функционери. Тие се недопирливи. Нивно е судството. Со нив Европа е далеку. Ние се бориме за право и правда за Македонија. И ќе победиме“.

Таа во Гевгелија ги поздрави меѓу останатите етнички заедници и Албанците. Меѓутоа зошто жените од ВМРО-ДПМНЕ ги издвои како посебни или тие се малку повеќе жени од другите жени кои не се вмровки? Инаку, Силјановска Давкова себеси се нарекува „независна“ и „натпартиска“ и се бори да е првата жена претседател!“, се вели во денешната изборна хроника „Мало сутра“ дека сите жени се еднакви за „независната“ кандидатка за претседател.

М. И.

Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ