• Latest

16 август низ вековите

August 16, 2018
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

16 август низ вековите

August 16, 2018 07:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1534.- Шпанскиот благородник Игнацио Лојола во црквата Монмартр во Париз со неколку француски и шпански ученици основал монашки ред кој имал задача да води борба против реформацијата и против сите противници на Католичката црква. Тој ред го одобрил папата Павле Трети на 27 јули 1540 година, па станал столб на католичката реакција во Шпанија, Италија, Португалија и во хабзбуршките земји (Чешка, Словенија, Хрватска). Во рацете на езуитите била и озогласената римска инквизиција.

1845.- Роден е францускиот физичар Габриел Липман, добитник на Нобеловата награда за физика во 1908 година кој го пронашол процесот на фотографирање во природни бои. Го конструирал електрометарот и го засновал принципот за одржување електрицитет.

1896.- На Алјаска, најсеверниот дел на САД било откриено злато кое било поттик десетици илјади авантуристи да тргнат по него.

1913.- Роден е израелскиот државник Менахем Бегин, кој бил премиер на Израел од 1977 до 1983 година. Тој бил прв израелски државник кој потпишал Договор со некоја арапска земја. По разговорите во Кемп Дејвид со египетскиот претседател Анвар ел Садат и претседателот на САД, Џими Картер, во 1977 година го потпишале мировниот Договор со Египет. Тој со Садат во 1978 година ја поделил Нобеловата награда за мир.

1914.- Британскиот експедиционен корпус се истоварил во Франција. Со тоа Велика Британија го почнала активното учество во Првата светска војна.

1926.- Во американската метропола на филмот, Холивуд, умрел Рудолф Валентино, северноамерикански филмски актер од италијанско потекло кој во немиот филм се прославил со улогите на заводник и романтичен јунак. Неговите филмови „Четири јавачи на апокалипсата, „Дамата со камелии“ и „Шеиковиот син“, влегле во историјата на светската кинематографија. Роден бил на 6 мај 1895 година.

1938.- Во Њујорк почнал Вториот светски младински конгрес. По повеќедневното заседание конгресот го усвоил познатиот “Њујоршки договор за мир” што го потпишале претставниците на младите од 54 земји.

1948.- Во Скопје се одржало Основачкото собрание на Фудбалскиот сојуз на Македонија. За претседател бил избран Коле Чашуле.

1958.- Родена е американската пејачка и актерка Мадона Луиз Вероника Чиконе, позната како Мадона, се уште една од најпопуларните музички ѕвезди на планетата.

1973.- Умрел американскиот микробиолог Селман Абрахам Ваксман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1952 година.

1977.- Во Грејсленд, Мемфис, умрел Елвис Присли, американски рокенрол пејач, наречен „кралот на рокенролот“. Најпопуларен бил во 50-ите до 70-ите години на 20. век. Негови светски хитови се „Во гетото“, „Сега или никогаш“, „Не биди суров“, „Огнена љубов“ и многу други. Роден бил во Тулело, Мисисипи, на 8 јануари 1935 година.

1994.- Наспроти обвинувањата за тешка изборна измама, Хоакин Балагер седми пат стапил на должноста претседател на Доминиканската Република.

2003.- Умрел поранешниот диктатор на Уганда, Иди Амин Дада, еден од најкрвавите деспоти во историјата на Африка. Тој како началник на Генералштабот на војската на Уганда власта ја приграбил во 1971 година со воен удар против Милтон Оботе, во момент додека шефот на државата бил во странство. Во текот на неговото диктаторско владеење во оваа централноафриканска земја биле масакрирани дури половина милион луѓе.

2007.- Земјотрес со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала го погодил Перу, при што загинале најмалку 510 лица, а над 2.000 беа повредени. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ