• Latest
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025 09:08
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Фото: Полициска управа на Црна Гора

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка.

„За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“.

Како што пренесува МИА, синоќа беше воведена вонредна состојба во подгоричката населба Забјело, каде што полицијата спроведе рации откако синоќа во таа населба беше претепан и избоден жител на Подгорица, М. Ј., додека од друга страна, бројни жители на таа населба, револтирани од синоќешниот чин на насилство, се собраа и во неколку наврати извикуваа навредливи пароли против Турците.

На местото на настанот беа голем број полицајци и инспектори, а беа контролирани неколку локации во тој дел од градот.

Репортер на Телевизија Вијести објави дека тројца турски државјани дури се забарикадирале во казино откако, според очевидци, група мештани се обиделе физички да се соочат со нив. По изнесувањето од казиното, полицијата привела двајца турски државјани, а според неофицијални информации, еден од нив е осомничен дека е вмешан во синоќешниот напад.

Полицијата во Подгорица ги уапси државјанинот на Азербејџан Ј.Г. (31) и турскиот државјанин Н.Д. (54), осомничени дека го повредиле М.Ј. во Забјело, Подгорица. Тие се осомничени за кривично дело насилно однесување, пренесува Вијести.

Во соопштението на Полициската управа се наведува дека синоќа во просториите на Одделот за безбедност во Подгорица биле донесени 45 лица – државјани на Турција и Азербејџан, кои биле предмет на кривична обработка, како и проверки во врска со законитоста на нивниот престој на територијата на Црна Гора.

Полициската управа апелираше до граѓаните да останат достоинствени, да не подлегнуваат на емоции или повици за линч.

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ