• Latest

Симовски: Пописот е во интерес на граѓаните на државата

March 1, 2021
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Симовски: Пописот е во интерес на граѓаните на државата

March 1, 2021 15:17
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Најважно за сите е да имаме доволно точни, навремени и квалитетни информации, што ќе придонесе за развој, во овој момент најмалку размислуваме за санкции, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, кој заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, ја посетија Казнено-поправната установа Куманово во К’шање, каде што почна пописот на осудените лица.

Симовски информираше дека нема проблеми со апликацијата и иселениците можат да се попишуваат. Вчера завршил и рокот за теренските попишувачи на кои се пријавиле осум илјади лица.

-Најголемата санкција за сите нас е да немаме доволен фонд на информации, еве 20 години речиси немаме попис поголема санкција од тоа има ли за сите нас. Значи јас ги охрабрувам не е проблемот некој да се казни, проблемот е да ги собереме податоците, бидејќи тие се потреби за сите граѓани во оваа држава, ако сакаме развој на оваа земја, а тој развој се прави исклучиво ако имате информации, денеска најскапата работа во светот е информацијата, навремена, точна и квалитетна информација. Ако сакаме квалитетни информации, а врз основа на тоа и квалитетен развој треба сите да учествуваме во пописот и да се попишеме. Последната работа на којашто јас размислувам во овој момент се санкциите, рече директорот Симовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Симовски истакна дека апликацијата е функционална и дека нашите државјани можат да пријават каков било проблем.

-Моите информации се дека апликацијата е функционална цело време и дека се попишуваат. Пристапот до апликацијата е многу едноставен, на нашата веб-страница и досега она што го добиваме како информација е дека имаме постојано самопопишување од страна на нашите државјани, искрено не знам дали има одредени проблеми, меѓутоа на нашата веб-страница сите можат да се обратат со каков било проблем. Агенцијата што ја изготвуваше апликацијата е должна во најкраток можен рок да отстрани какви било проблеми во однос на пристапот на апликацијата. Имам информација дека постојано тече самопопишувањето, дека нема прекин, рече тој.

Тој не можеше да презицира колкава бројка на лица се попишани, бидејќи се менува во минута и најави информација во текот на денот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Симовски истакна дека има два типа санкции, за оние кои ќе се попишуваат, но и за оние кои учествуваат во операцијата, што е прецизно утврдено со Законот за попис.

-Едниот за оние кои одбиваат да даваат податоци или ќе даваат погрешни податоци и кои подлежат на прекршочни пријави и мислам дека таму се казните од 200 до 300 евра во денарска противвредност, а втора се санкциите коишто се однесуваат на оние кои учествуваат во пописот, коишто ќе ги злоупотребуваат тие податоци евентуално, каде што имаме и кривична одговорност и мислам дека максималната казна беше до пет години затвор, тоа се однесува на нас коишто сме учесници. Јас се надевам дека никој нема да има потреба да подлежи на  овие санкции, туку дека сите ќе сфатиме дека оваа операција е во интерес на нас, на граѓаните на оваа држава и дека ќе ја поддржиме и максимално ќе бидеме сериозни во тој дел-рече Симовски.

Тој рече дека е надминат проблемот со матичните броеви на лицата родени по 2000 година.

-Законот за попис е дециден во странство можат да се попишат само државјани, а внатре тие што немаат државјанство си има процедура како се попишуваат таа процедура тоа попишување ќе биде од први април, изјави Симовски, одговарајќи на новинарско прашање како ќе се потпишуваат лица надвор и внатре во државата без државјанство.

Пописот ќе се спроведува сукцесивно во сите затвори.

Граѓаните ќе можат да се изјаснат на својот мајчин јазик по сите прашања, рече Симовски, пребарувањето е на македонски, големиот број на класификации се на македонски јазик бидејќи се огромни и се менуваат на две години и ниту една Агенција не се нафатила да ги преведе.

За илустрација Симовски рече дека класификацијата за занимања е 450 страни со околу 60.000 различни занимања.

До вчера, кога завршил рокот за теренските попишувачи се пријавиле осум илјади лица и  се прави структура по пописен реон, согласно запазување на правична застапеност, познавање јазици, населени места. Симовски смета дека ова е бројка е доволна, бидејќи им се потребни околу 6.000 попишувачи и ќе нема проблеми, но и ако се јави потреба ќе се реши проблемот, со распишување нов конкурс.

Директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, рече дека при пописот на осудените се запазени сите безбедносни и пред се, здравствени протоколи. Тој информираше дека личните документи на осудените и притворените лица се обезбедени од страна на МВР.

-Секое лице согласно безбедносните и здравствените протоколи стражарно ќе биде спроведено до пунктот каде што се одвива процесот на попишување, сите простории пред и по завршување на процесот ќе бидат дезинфицирани запазени се сите мерки, здравствени за да се спречи трансмисија на вирусот, во овој момент немаме позитивно, ниту суспектно лице на коронавирусот во ниту еден затвор, рече Спасовски.

Во оваа казнено поправна установа има 170 лица.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ