• Latest

Дипломатската офанзива на Заев, Димитров и Османи за почеток на преговорите со ЕУ, силна поддршка од Шпанија и Унгарија

May 13, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дипломатската офанзива на Заев, Димитров и Османи за почеток на преговорите со ЕУ, силна поддршка од Шпанија и Унгарија

May 13, 2021 09:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интензивна дипломатска активност се одвива овие денови на македонските владини претставници за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ. Владата во меѓувреме го повтори ставот дека идентитетот и јазикот не смеат во ниту еден случај да бидат предмет на преговори, државата ги спроведе сите реформи, нивната имплементација е трната преку процесот за европските стандарди дома, исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот на преговори за членство.

По средбите во Брисел изминативе денови, премиерот Зоран Заев вчера во Мадрид на средбата со претседателот на шпанската Влада Педро Санчез, добил јасна поддршка дека Шпанија е силен поддржувач на Северна Македонија и се залага за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа старт на преговорите за членство, пренесува МИА.

Сите граѓани на Република Северна Македонија, треба да знаат дека Шпанија е цврсто посветена на влезот на нивната земја во Европската Унија. Ние го поздравуваме членствотo во НАТО и секогаш ќе го поддржуваме влезот на Република Северна Македонија во Европската Унија, Санчез во видео пораката до македонските граѓани по средбата со премиерот Зоран Заев.

Премиерот, но исто така и сите граѓани на Република Северна Македонија, треба да знаат дека Шпанија е земја која е цврсто посветена на влезот на нивната земја во Европската Унија. Ние го поздравуваме нивното членство во НАТО и секогаш ќе го поддржуваме влезот на Република Северна Македонија во Европската Унија, вели Санчез во видео пораката.

„И, исто така, би сакал да му оддадам почит на Зоран како личност, на мојот пријател Зоран, на неговата младост, но и на неговото раководство. Тоа е реформско раководство, кое е во корист на граѓаните на Северна Македонија, кое што несомнено претставува важен скок напред во сетот реформи кои што се спроведуваат и се од корист за нејзиниот (Северна Македонија) влез во Европската Унија. Следствено тој може да смета на поддршката на Шпанија, се надевам дека наскоро, порано отколку подоцна, во Европската Унија“, вели Санчез.

Премиерите Заев и Санчез на средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, се согласија дека средбата е важна и заради евроинтеграциските процеси на Северна Македонија имајќи ја предвид силната поддршка од Шпанија за одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ и со тоа старт на преговорите.
Шпанија многу високо ги оценува реформите што ги спроведува Северна Македонија, нагласи премиерот Санчез и потенцираше дека тоа, како и исполнувањето на другите критериуми за пристапување во ЕУ, се најважни процеси кои земјата ги оствари и испорача кон Брисел.
Поддршка од Мадрид процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, беше изразена и на средбата на шпанската министерка за надворешни работи, ЕУ и соработка Аранча Гонзалес Лаја со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Шефицата на дипломатијата на Шпанија изразила желба за што е можно побрзо усвојување на преговарачката рамка со ЕУ, како со Република Северна Македонија, така и со Албанија, заедно со почетокот на преговорите за приклучување.

Владата вчера излезе со став дека одвојувањето на Албанија и Северна Македонија не е во ничиј интерес и дека непринципиелноста од страна на ЕУ може да има последици за целиот регион. Двете земји треба да одат заедно низ целиот процес на интеграција на Западен Балкан и да се помагаат, изјави вчера владиниот портпарол Душко Арсовски.

Тој истакна дека друга алтернатива освен европската иднина за Северна Македонија и за Западен Балкан не постои и оти аспирација на нашата земја е да стане членка во ЕУ. Но, како што рече, македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смеат да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел. Северна Македонија, нагласи Арсовски, единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.

„Премиерот Заев на средбите во Брисел беше јасен. Идентитетот и јазикот не смеат во ниту еден случај да бидат предмет на преговори. Државата ги спроведе сите реформи, нивната имплементација е трната преку процесот за европските стандарди дома, исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот на преговори за членство. Македонија како никој досега заслужува да биде членка на ЕУ“, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.

Според него, доказ за тоа е и што Северна Македонија има покажано европско однесување и вредности и дома и во регионот, но и во односите со самата Унија.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, вчера рече дека сè уште верува дека постои можност да се влезе во посуштински разговори и со техничката Влада во Бугарија, имајќи предвид, како што рече, дека Бугарија во март минатата година даде веќе зелено светло за започнување преговори, односно кога се донесе политичката одлука, така што нема дилема дека има консензус по однос на одлуката за започнување преговори. Останува прашањето на текстот на преговарачката рамка како предуслов за одржување на првата меѓувладина конференција, изјави тој вчера на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Османи најави дека идната недела очекува да има поголема дипломатска активност за евентуално, како што подвлече, да може да се дојде до решение кое би ни овозможило да го преминеме овој чекор за да може да се одржи првата меѓуладфина конференција во јуни.

-Не можам да гарантирам кој ќе биде епилогот на тие активности и тие разговри, меѓутоа знам дека е во интерес на сите бидејќчи овој имагинарен ѕид што се постави пред Северна Македонија стана веќе тест на кредибилитетот и тоа го знаат земјите-членки, но го знае и Бугарија и дека врз основа на тоа ќе се обидеме да најдеме начин да стигнеме до решение.

Османи за средбите што ги имале во Брисел, рече дека уште еднаш била реафирмирана поддршката за почеток на преговори со Северна Македонија веднаш, но и дека земјава е најдобриот ученик во регионот што заслужува да ги почне преговорите и тоа го кажаа сите претставници со кои вчера имавме средба.

Претходно, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, кој денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, рече дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Северна Македонија.

Како што рече, тоа зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Северна Македонија. Според него, не би требало да се шпекулира дека ќе има некаква промена во бугарската позиција во следните два до три месеци додека трае техничката влада.

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто, од своја страна, истакна дека Унгарија е безусловен и посветен поддржувач на евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Дадовме безусловна поддршка и за вашето членство во НАТО, и сметаме дека вашето место е во Европската Унија, која не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан, и тоа е од обостран интерес, како за ЕУ така и за вас, рече Сијарто на прес-конференцијата со Османи.

Сијарто рече дека во следниот период ќе направат се, со цел земјава што побрзо да стане членка на ЕУ.

„Се надевам дека сите земји-членки во предвид ќе го имаат интересот на ЕУ, а тој интерес е државите од Западен Балкан станат што побрзо членки на Унијата. Ако тоа зависи од нас тогаш вие ќе станете многу брзо членка на ЕУ, и еврокомесарот Вархеји и Владата на Унгарија сме посветени поддржувачи на вашите евроатлантска интеграција и се надеваме дека во иднина нема да има потреба за поставување на никакви методолошки прашања во овој процес“, рече Сијарто.

Тој, уште еднаш, го нагласи противењето на Унгарија за обременување на процесот на проширување на ЕУ со внесување на билатерални прашања како и дека ќе продолжат со својата конзистентна и гласна поддршка за наредниот чекор на Северна Македонија кон ЕУ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ