• Latest

19 април: Кампањата привршува, од полноќ предизборен молк

April 19, 2019
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

19 април: Кампањата привршува, од полноќ предизборен молк

April 19, 2019 17:41
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СЈО, ЈО и МВР ќе го истражуваат објавувањето на новите бомби

Специјалното и редовното Јавно обвинителство отвораат истраги за новите „бомби“ кои вчера одекнаа на руската социјална мрежа ВКонтакте.

„Согласно надлежностите започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана“, соопштуваат од министерството.

Од СЈО велат дека разговорите не протекле од нивната институција и ќе проверат дали овие бомби ги имаат во нивните материјали.

На 5 април на трибина во Прилеп јавно беа пуштани две од аудио-снимките, а настанот се пренесуваше во живо на Фејсбук.

На настанот говорник беше Љупчо Палевски, а потоа тој и уште две други лица од Прилеп и од Битола, беа задржани во прилепската полиција, а МВР најави и пријави по расчистувањето на случајот.

Премиерот Зоран Заев потврди дека дел од објавените разговори во изминативе денови што ги слушнал се дел од пакетот материјали што ги предал во СЈО и оти е важно што МВР и Обвинителството постапуваат по нив во согласност со своите надлежности.

Јанакиески од судење на распит

Осомничениот организатор на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година Миле Јанакиески по денешното судење како нарачател на насилствата во Општина Центар во јуни 2013 година, во 12 часот треба да оди на распит пред обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска.

Во вторникот на распит пред Рускоска беше експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Тој се бранеше со молчење и брзо си замина од обвинителството.

Покрај Вељаноски и Јанакиески засега осомничени за организирање и раководење со насилствата на 27.04.2017 година се и избеганите Никола Груевски и Никола Бошковски и притворените во Шутка Спире Ристовски и Владимир Атанасовски, ексдиректор на УБК.

Адеми: Распределувањето на државниот буџет за учесниците во изборната кампања ќе биде најпроблематично

Државниот завод за ревизија, во согласност со своите надлежности во контекст на изборните процеси, е надлежна за следење и ревизија на политичкото финансирање. Поконкретно, се оценуваат финансиските извештаи на политичките партии, а во овој случај, за претседателските избори и на кандидатите за претседател.

Во разговор со ЦИВИЛ Медиа, Заменик главен државен ревизор Насер Адеми зборуваше и за потешкотиите што ќе произлезат од буџетирањето на учесниците во изборна кампања од средствата на државата што ги распределува Државната изборна комисија. Адеми ја појасни улога на ДЗР, потребите на институцијата за нејзиното професионално функционирање, надлежностите, корупцијата во политичкото финансрање…

Последен ден од изборната кампања

Дваесетдневната предизборна претседателска  кампања и кампањата за предвремени локални избори во општините Дебар, Охрид и Ново Село, завршува вечерва на полноќ, со што започнува предизборниот молк.

Утре, сабота 20 април, правото на гласање можат да го остварат   3.583 болни и немоќни лица, 1.600 затвореници сместени во затвор или куќен притвор, како и седум расселени лица кои се пријавиле во ДИК за гласање, како и граѓани од дијаспората, на 32 гласачки места во дипломатските конзуларни претставништва. Од дијаспората се пријавени 1.782 гласачи.

На единствениот избирачки список запишани се 1.808.131 гласач, а гласањето ќе го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места.

ЦИВИЛ потсетува: Изборниот молк почнува на полноќ!

ЦИВИЛ ги потсетува политичките партии дека изборниот молк почнува на полноќ. Сите инволвирани во изборниот процес имаат време до полноќ за последно претставување на своите кандидати за претседател на Република Северна Македонија.

Изборната кампања завршува, а од полноќ медиумите и сите учесници во изборниот процес, заклучно со 19 часот во недела, 21 април престануваат со секаков вид на ширење информации, фотографии и друг вид на аудиовизуелни материјали поврзани со учесниците во изборниот процес.

Тоа подразбира дека ширење на пропаганда, партиско агитирање, водење кампања и други прекршувања на Изборниот законик се строго забранети.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријават за секое кршење на изборниот молк на телефонскиот број 02 / 5209 176, на мејл: civil@civil.org.mk или на веб страницата Слободни избори.

Како и секогаш, ЦИВИЛ ќе биде отворен во текот на викендот, а в недела ќе отвори и прес центар, во клубот Менада, Стара Чаршија, како што е најавено во претходното соопштение.

Прес центарот на ЦИВИЛ ќе биде отворен 18 часа непрекинато

ЦИВИЛ ќе го отвори својот Изборен прес центар во 6:00 часот изутрина на 21 април (недела) во клуб Менада (Стара Чаршија, спроти Универзитетот ЈИЕ). Прес центарот ќе биде отворен до полноќ.

Прес центарот на ЦИВИЛ ќе прима извештаи од теренот, како и пријави за нерегуларности од граѓанките и граѓаните.

Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на медиумите во текот на целиот ден и вечерта. Прес конференции со извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ на терен, ќе се организираат во 10, 12:30, 17:45 и 19:30 часот. ЦИВИЛ ќе одржи и две панел дискусии во 20 часот и во 21:30 часот, со учество на членови на Координативниот тим на ЦИВИЛ, политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, правната експертка Сандра Гавриловска и други реномирани имиња.

Спасовски: МВР е спремно да обезбеди достојна и безбедна атмосфера на денот на гласање

„Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности го следи целиот изборен процес, а сè со една единствена цел – денот на гласање да мине мирно, непречено и достоинствено како што прилега на едно демократско и слободно општество. Во изминатиот период полициските службеници минаа низа плански активности за квалитетно и ефикасно набљудување и обезбедување на севкупниот изборен процес од неговиот почеток до неговиот крај.

Министерството за внатрешни работи е целосно подготвено да обезбеди достојна и безбедна атмосфера, во која што секој наш граѓанин ќе може да си го оствари своето свето избирачко право. Подготвени сме одлучно и бескомпромисно да го превенираме секој обид за нарушување на избирачкиот процес независно каде или од кого. Бидете сигурни дека законите и граѓанската волја ќе бидат целосно испочитувани“, изјави Спасовски.

М. И.

Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ