• Latest

23 јули: Јанева е чиста, МТВ ја осудува својата новинарка, СЈО може да премине во ЈО до крај на август…

July 23, 2019
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

23 јули: Јанева е чиста, МТВ ја осудува својата новинарка, СЈО може да премине во ЈО до крај на август…

July 23, 2019 16:07
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Јанева тврди дека е жртва на нечесни мотиви на Боки 13 и други лица кои го злоупотребиле нејзиното име

„Одговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно немам никаква одговорност за случајот „Рекет“. Моето име е злоупотребено од Бојан Јовановски, а имам сознанија дека и други лица го злоупотребуваат моето име, без јас да знам“, рече специјалната обвинителка Катица Јанева, на денешната пресконференција во СЈО.

„Точно е дека се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ и дека на дневна основа комуницира со лицето кое е осомничено, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена должност за да остварува привилегии и незаконити дејства“, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите информации, со кои како што наведе, некој се обидува да им нашетети на нејзиниот углед и чест.

Јанева вели дека била свесна дека со преземањето на оваа функција ќе биде цел на различни напади и политички препукувања.

Пронајден и вториот телефон на Јанева и даден на вештачење

Пронајден и одземен е и вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој се тврдеше дека е изгубен.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека телефонот по кој се трагаше е пронајден во текот на вчерашниот ден и ќе биде даден на вештачење

МТВ за ЦИВИЛ: Се оградуваме од новинарката што шири говор на омраза

Отако вчера ЦИВИЛ Медиа објави дека Марија Котовска (намерно изоставено дека е новинарка на МТВ, додека не добиеме одговор), преку својот Фејсбук профил повикува – „Топло да ја поздравиме стоката северџанска на Мечкин Камен“, од МТВ за ЦИВИЛ Медиа одговорија дека новинарката Марија Котовска својот став го искажала на својот личен профил на социјалната мрежа – „Фејсбук“, а не во рамките на програмските содржини на Јавниот сервис.

„МТВ осудува секаков облик на говор на омраза и ќе постапи согласно со Етичкиот кодекс на ЈРП МРТ, во којшто (според Член 12) при каков било јавен настап, секој вработен на МРТ е обврзан да ги почитува и чува деловните и програмските интереси на МРТ, нејзините углед и професионална дејност, како и својата професионална вредност. МРТ останува доследна на одредбите на Етичкиот кодекс според кој секој работник во Јавниот сервис е обврзан да се придржува до највисоките професионални и етички начела, велат од Првиот програмски сервис на МРТ.

Џафери: Ако има консензус законот за ЈО може да се донесе до крајот на август

Владата го усвои Предлог законот за Јавното обвинителство. Истиот се очекува да биде доставен до Собранието. Ако текстот се достави до утре, шефот на парламентот, Талат Џафери, ќе ја закаже седницата за прво читање следниот понеделник.

„Ако таквиот предлог пристигне во текот на денот или евентуално утре во Собрание, нема сомнение дека Собранието ќе ги спроведе своите обврски. Ако пристигне во текот на овие два дена, 29 јули е денот кога можам да свикам седница за разгледување, ако не, здравје, по одморите“, рече Џафери.

Доколку постои политички консензус, Законот може да се донесе до крајот на август.

Само вакцинирани деца ќе се запишуваат во градинка

Родителите на дечињата кои од септември ќе се запишуваат во градинките мора да достават и уреден вакцинален картон како што е пропишано со законот, дури и да заврши епидемијата на морбили.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, изјави дека Владата е конзистентна во почитување на законите, кои и до денеска пропишуваат дека невакцинираните деца не треба да одат во училиште, ниту во градинка бидејќи, како што посочи, индивидуалното добро не може да биде пред колектоивното.

Нови мерки во здравството

Промена на договорите што ги потпишале специјализантите, дополнителна заработувачка на докторите и тимовите од анестезиолози, сестри и болничарите кои попладне ќе останат да работат, можност пациентите да изберат лекар, укинување на менаџерскиот испит за директори и пензионираните доктори да можат да работат како консултанти доколку тоа го бара институцијата во која работеле, предвидуваат измените на Законот за здравствена заштита кои се во собраниска процедура, а денеска на средба со новинарите ги презентираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Измените се изготвени на барање на комори, здруженија, млади лекари и невладини организации.

Дехран Муратов

Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ