• Latest

25 јули низ вековите

July 25, 2018

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025
Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025
Марта Кос (Фотографија: Скриншот од видео МИА)

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

25 јули низ вековите

July 25, 2018 07:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1712.- Војската на швајцарските протестантски кантони во битката кај Вилмерген ја победиле армијата на римокатоличките кантони, со што во Швајцарија завршиле верските војни.

1883.- Во Торино е роден Алфредо Казела, италијански композитор, пијанист, диригент и музички писател. Умрел во Рим, на 5 март 1947 година.

1834.- Умрел англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски литературни критичари. Дела: „Кристобел“, „Лирски балади“, критиките „Предавања“, „Biographia Literaria“.

1843.- Умрел шкотскиот хемичар Чарлс Мекинтош, пронаоѓач на непропустливата ткаенина наменета за дождовни покривки.

1878.- Првата кинеска дипломатска мисија во САД пристигнала во Вашингтон.

1894.- Роден е американскиот филмски актер Волтер Бренан. Добитник бил на повеќе oскари. Филмови: „Да се има и нема“, „Наредникот Јорк“, „Франкештајновата невеста“, „Фурија“, „Дојди и земи“, „Кентаки“, „Мојата драга Клементина“, „Црвена река“, „Рио Браво“.

1898.- Војската на САД во шпанско-американската војна го окупирала Порторико, кој дотогаш бил шпанска колонија. САД никогаш не му дале независност на Порторико, иако е на американска територија. Иако Куба и Филипини до оваа војна биле под шпанска колонија овие две земји се здобиле со независност. 

1909.- Францускиот пилот Луј Блерио прв го прелетал со авион каналот Ла Манш.

1925.- Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. Кај селото Папрадиште, Велешко, велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ бил нападнат од бугарската полиција. Невена Георгиева на 6 декември 1942 година била смртно погодена.

1934.- Нацистички командоси ја нападнале владината палата во Виена, го убиле канцеларот Енглоберт Долфус и се обиделе да ја преземат власта во земјата. Меѓутоа, Мусолини, гневен што Хитлер го излажал со ветувањето дека нема да ја гиба Австрија, испратил четири дивизии на австриската граница, по што бил скршен нацистичкиот пуч.

1945.- Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор била поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна довела до формирање на двете германски држави.

1963.- Советскиот Сојуз, САД и Велика Британија склучиле договор за забрана на нуклеарните проби во воздух, под вода и во вселена.

1968.- Римскиот Папа Павле Шести на римокатолиците им забраниле секаков вештачки метод за спречување на бременост.

1984.- Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја станала првата жена која стапнала на Месечината и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која двапати била во нејзиното пространство.

1986.- Умрел американскиот филмски режисер од италијанско потекло Винсенте Минели, кој во 1958 година го добил Оскарот за филмот „Жижи“. Други филмови: „Мадам Бовари“, „Американецот во Париз“, „Чај и симпатија“, „Кисмет“, „Куќа на брод“, „Ѕвоната ѕвонат“, „Градот на илузиите“, „Некои дотрчаа“.

1991.- Советскиот претседател Михаил Горбачов изјавил дека не е реално градењето комунизам во Советскиот Сојуз и дека владејачаката Комунистичка партија мора да ги отфрли „застарените идеолошки догми“.

1997.- Сојузот на извидниците на Македонија бил примен во Светската скаутска организација, чие седиште е во Женева, Швајцарија.

2000.- Непосредно по полетувањето кон Њујорк, авионот „Конкорд“ на компанијата „Ер Франс“ паднал врз еден хотел близу Париз. Падот не го преживеал никој од 109-те патници и членови на екипажот, а загинале и пет луѓе на земјата. Тоа било прво уривање на британско-францускиот суперсоничен авион откако почнал да лета во 1969 година.

2003.- Легендарното Црешово топче, кое го користеле македонските востаници во времето на Илинденското востание во 1903 година, а се чувало во Воениот музеј во Истанбул (него, на 2 јули 1997 година го пронашол мајорот на Армијата на Република Македонија Ванче Стојчев, доктор по историски науки и професор на Воената академија „Михаило Апостолски“ во Скопје) било донесено во Република Македонија. Република Турција и го отстапила на Република Македонија на привремено (три месеци) чување по повод 100-годишнината од Илинденското востание.

2003.- Умрел британскиот филмски режисер Џон Шлезингер, кој се прославил со филмот „Полноќен каубој“ (Оскар), „Крвава недела“ и „Маратонец“.

2011.- Светски познатиот грчки режисер Михалис Какојанис, кој го создал филмското класично дело од 60-те години „Гркот Зорба“, со Ентони Квин во главната ролја, починал во Атина на 89-годишна возраст. Какојанис, кој бил роден на Кипар, бил награден со три „Оскари“ за странски филм, добивајќи ги статуетките за најдобар режисер, најдобра филмска адаптација и најдобар филм за адаптацијата на романот на Никос Казанѕакис – „Гркот Зорба“. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ