• Latest

26 јули низ вековите

July 26, 2018
Фото: Скриншот од видео на
euronews

Макрон ќе понуди „научни докази“ пред американскиот суд за да докаже дека неговата сопруга, Брижит е жена

September 18, 2025
industrial-cooling-towers-energy-facility
Source> Freepik

Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа

September 18, 2025
Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

September 18, 2025
Фото: ЦУК

Вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола во изминатото деноноќие

September 18, 2025
претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференција во Белата куќа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Федералните резерви ги намалуваат каматните стапки, предупредуваат за застојот на пазарот на трудот во САД

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

26 јули низ вековите

July 26, 2018 08:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1847.- Африканската држава Либерија била прогласена за независна република. Уште во 1820 година Либерија ја основале ослободените црни робови, преселени од САД на просторот меѓу Сиера Леоне, Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска.

1856.- Во Даблин е роден Џорџ Бернард Шо, британски писател, романсиер, музички и драмски критичар и автор на драми кои му донесоа репутација на најдуховит драматург во 20. век. Негови познати дела се драмите „Света Ивана“, „Кандида“, „Занаетот на госпоѓа Ворн“, „Мајорот Барбара“ и други дела. Во 1925 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Хартфоршир, на 2 ноември 1950 година.

1858.- Лионел Ротшилд станал првиот Евреин, член на Долниот Дом на британскиот Парламент.

1875.- Роден е швајцарскиот психијатар Карл Густав Јунг. Бил необично плоден и сестран автор, според многумина еден од најзначјаните умови во 20. век. Дела: „Психолошки типови“, „Психологија и религија“, „Симболика на духот“, „Студија за архетипови“, „Алхемиски студии“, „Mysterium coniunctionis“, „Симболи на преобразување“.

1894.- Роден е англискиот писател Олдос Хаксли, ироничен и духовит набљудувач на супериорното образование, скептик. Дела: романите „Јалово лисје“, „Контрапункт на животот“, „По многу лета“, „Времето мора да застане“, збирки раскази – „Малиот Мексиканец“, „Две, или три грации“, есеи и студии – „Музика во ноќта“, „Вечна филозофија“, „Наука, слобода и мир“.

1922.- Роден е американскиот филмски режисер Блејк Едвард, кој најмногу се истакнал како автор на „црни комедии“, полни со хумор, цинизам и деструкции. Филмови: „Појадок кај Тифани“, „Експеримент во теророт“, „Што правеше во војната, тато?“, „Пинк Пантер“, „Дарлинг Лили“, „Враќањето на Пинк Пантер“, „Виктор, Викторија“, „Човекот кој ги сакаше жените“.

1926.- Во Софија, умрел Крсте Петков Мисирков, македонски национален деец, филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Се школувал во соседните земји и во Русија. Тоа му овозможувало да ги согледа стремежите на соседните земји кон Македонија и македонскиот народ, но и да ги согледа патиштата за национална слобода на македонскиот народ. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, негово фундаментално дело, во кое се истакнува посебноста на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Роден бил во Постол, Ениџе-Вардарско, Егејска Македонија, на 18 ноември 1874 година.

1928.- Роден е американскиот филмски режисер Стенли Кјубрик, контроверзен автор, со особен стил. Филмови: „Пеколниот портокал“, „Д-р Стрејнџлав“, „Спартак“, „Убивање“, „Патеки на славата“, „Лолита“, „Бери Линдон“, „Широко затворени очи“.

1943.- Роден е англискиот музичар Мик Џегер, основач и пејач на рок групата „Ролингстоунс“.

1946.- Со пресуда на прекиот воен суд на Ениџе-Вардарско, грчките монархофашисти ја стрелале Мирка Гинова (заедно со уште шестмина другари) истакнат раководител на движењето на отпорот против фашизмот, македонска учителка и партизанка. Таа била првата жена осудена на смрт од еден грчки воен суд, чија пресуда и егзекуција своевремено предизвикала широки протести во прогресивната меѓународна јавност. Нејзината херојска смрт е опеана во повеќе македонски народни песни, а напредната грчка поетеса Рита Буми Папа, во својата книга „Илјада стрелани девојки“ посвети посебни стихови за смртта на Мирка Гинова. Таа беше член на Воденскиот окружен комитет на НОФ за Егејска Македонија, прва секретарка на АФЖ на Вардарскиот округ и член на КП на Грција. Родена била во селото Русилово, Воденско, во 1916 година.

1952.- Умрела Ева „Евита“ Перон во тој момент несомнено најпопуларна личност во Аргентина, 33-годишна сопруга на претседателот Хуан Перон.

1963.- Катастрофален земјотрес го разурнал главниот град на Република Македонија – Скопје. Во земјотресот загинале 1.070 луѓе, 2.900 биле повредени, а бил уништен или оштетен голем дел од станбениот фонд. Веста за земјотресот што го погодил Скопје брзо се раширила низ целиот свет кој покажал голема солидарност.

1965.- Малдивските острови во Индискиот Океан – британски протекторат од 1887 година, добиле независност.

1984.- Умрел американскиот статистичар Џорџ Хорас Галуп, директор на „Галуповиот институт“ за испитување на јавното мислење што го основал во 1935 година.

1993.- Во Скопје умрел Ацо Ѓорчев, познат македонски актер. Своите најзначајни остварувања ги постигнал на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Роден бил во Неготино, на 19 септември 1933 година.

1996.- Република Македонија станала потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.

1996.- Република Македонија и Европската унија потпишале рамковна спогодба за соработка на Република Македонија со Европската унија.

1996.- Пристигнал Кристофер Хил, првиот американски амбасадор во Република Македонија.

2006.- Министрите за надворешни работи во Рим на конференција за либанската криза се согласиле да формираат меѓународни сили со мандат од страна на Обединетите нации за да се врати мирот во Либан. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    241 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    196 shares
    Share 78 Tweet 49
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ