• Latest

30 октомври: Собранието се распушта на 11 февруари, техничка влада се формира на 3 јануари, Преспанскиот договор ќе се спроведува до крај, итен избор на в.д. државен ревизор…

October 30, 2019
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

30 октомври: Собранието се распушта на 11 февруари, техничка влада се формира на 3 јануари, Преспанскиот договор ќе се спроведува до крај, итен избор на в.д. државен ревизор…

October 30, 2019 15:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Собранието ќе се распушти на 11 февруари, техничката влада треба да се избере на 3 јануари

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска им порача на политичарите да се раководат од Уставот во однос на денот на изборите исто како и тој. Тоа значи 60 дена од денот на распуштање на Собранието, кое доколку бидат испочитувани сите законски рокови би било на 11 февруари. Веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.

Владата, порача претседателот на Парламентот, да си ги реши своите блокирани работи во однос на она што и е надлежност, да не се повикува Собранието и да не укажува што да прави Парламентот.

Ако се распушти Собранието на 11 февруари, појасни на денешниот брифинг со новинарите Џафери, во рок од 60 дена треба да има избори, а во рок од 100 дена треба да има Влада. Укажа дека за да свика собраниска седница, треба да има добиено предлог-барање од политичките партии за самораспуштање на Парламентот.

Заев: Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, го очекуваме тоа и од грчка страна

Дефинитвно одиме со имплементација на Договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги  завршуваме забелешките кои стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите. Намерата е да испратиме недвосмислена порака дека Преспанскиот договор треба да се спроведе до крај зашто носи стратегиско партнерство, придобивки за нашата земја, нов пријател – нашиот јужен сосед и отвора многу перспективи, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата по повод реформите во здравството, Заев напомена дека природна и практична е потребата да го чуваме, негуваме и имплементираме Преспанскиот договор кој, како што нагласи, го заокружи нашето членство во НАТО и, иако добивме разочарување од ЕУ, е најсериозната гаранција за почеток на преговорите.

Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов

Штипскиот Основен суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов, којшто од вчера се бара преку меѓународна потерница.

Портпаролот и судија во Основниот суд-Штип, Јулијана Недкова вели дека со новиот претседател, Ѓорѓи Андонов донеле одлука за овој случај јавноста да ја информираат во текот на денешниот ден преку писмено соопштение, коешто ќе биде објавено на веб страницата, а какошто вели таа никој не и забранил да дава изјави за овој случај.

Флеш вести:

СФДМ и ССМ: Итно да се избере в.д главен државен ревизор

Владата и Собранието итно да спроведат постапка за избор и/или назначување вршител на должноста главен државен ревизор со што би се обезбедил основниот предуслов за континуитет во извршувањето на законските функции на Државниот завод за ревизија и заштита на правата од работен однос на вработените, побараа денеска Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ) и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Возачките дозволи ќе важат до 75 години, за преголема бучава ќе се одзема возилото

Рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи се продолжува од 70 на 75 години, а се предвидува и мерка времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и за возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.

Ова вчера на седница го усвои Владата заедно со усогласувањата во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се предвидени значителни намалувања на казните.

Трагичната „Врба“ со среќен крај на Милчо Манчевски премиерно на 1 ноември пред македонската публика

По светската премиера на римскиот филмски фестивал, филмот „Врба“ на Милчо Манчевски, премиерно пред македонската публика ќе се прикаже на 1 ноември, во Македонска филхармонија со почеток во 20:30 часот.

Овој пат, нетипично, филмот иста вечер е и на редовен репертоар во неколку кино сали во Синеплекс и во кино Милениум, а веќе е закажана и дистрибуција на во кино салите низ земјата.

Мисла

И Груевски ќе гласа

Од корнер: Зоран Иванов

Државава ниту ваму, ниту таму. Без епилог. Ниту во стагнација ниту во реформи. Судскиве процеси ниту со казни ниту со ослободувања. Обвинетите ниту криминалци ниту чесни. И ова со избориве капак. Ниту предвремени ниту редовни. Македонија во лимбо. Кој ова го смисли, за Нобел е.

Од нема правда, нема мир, само мир. Во отсуство на правда, и тој со доза на немир. А веќе баш и нема кој да прави немир. Шарените се бирократизираа, зелените се зазимија, ентузијастите се иселија. Македонија е шашардисана. По откачувањето од Макрон, нешто баш и не мириса на арно. Горивото ентузијазам се потроши. А без него возилото може само удолу. Па, од немајкаде, од немање одговор на тоа што сега, партииве ќе не возат на избори. Гратис.

И сложно. И власта и опозицијата. На избори што ќе ги загубат. И дните и другите. И пак исто зашто државава нема каде. Пак изборот е Европа. Натаму и патот е познат. Послан со трње, а нашиве, ниту едните ниту другите ниту третите, не се научени по трнливо.  Ниту кондиција имаат ниту табани за дотаму.

 

Дијана Тахири, во соработка со Биљана Јордановска и Зоран Иванов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ