• Latest
Проф д-р Јове Кекеновски

62 е многу помалку од 64

January 18, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

62 е многу помалку од 64

January 18, 2022 08:30
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф д-р Јове Кекеновски

Проф д-р Јове Кекеновски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

И покрај многубројните најави дека новата влада ќе има стабилно мнозинство, сепак тие не се остварија. Во неделата пред полноќ од вкупно 120 пратеника „за“ новата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски гласале 62 пратеника, додека 46 биле „против“, а воздржани немало. Ова значи дека за новата влада гласале само 108 пратеници, додека не гласале или воопшто не се појавиле на седницата вкупно 12 пратеници. Овие бројки јасно покажуваат дека обезбеденото парламентарно мнозинство во кое партиципираат СДСМ со коалиционите партнери, ДУИ и Алтернатива повторно е на стаклени нозе. Да потсетам дека и досегашната, тринаесеттата по ред, влада која ја предводеше Зоран Заев беше изгласана на 30 август 2020 година со, исто така, само 62 пратеника.

Претходната влада предводена од Зоран Заев броеше вкупно 20 министри од кои 12 вклучувајќи го и премиерот беа од СДСМ, 6 од ДУИ, и по еден од БЕСА и ЛДП. Сега новиот владин состав предводен од премиерот Димитар Ковачевски брои 21 член од кои СДСМ има 11, ЛДП 1, ДУИ 6, а Алтернатива 3 министри. Гледајќи ги бројките како и персоналниот состав се добива впечатокот за две работи. Прво, дека „сè е исто, само него го нема“ и второ, наместо БЕСА, на мала врата до вчера опозиционата Алтернатива спечали три министерски позиции и безброј други директорски и функционерски места. Станува мошне очигледно дека во моментов најголеми добитници се Алтернатива, Ковачевски и трите нови министри.

Но, како и да е, повеќе е од јасно дека и ова мнозинство ќе ја има истата мака како и претходното, односно тешко ќе функционира и повторно ќе ја гледаме истата слика како онаа од минатото. Со оглед на тоа дека најголем дел од министрите во новиот состав беа и министри во претходната влада, сегашниов персонален состав на новата влада не ми дава за право да бидам оптимист дека нешто многу и брзо ќе се промени во начинот на работа и дејствување, туку дека реално е да се очекува истата да продолжи со политиките на претходната влада. Ова ми наликува на влада на континуитет. По сè изгледа дека работата ќе биде „турни ме да кинисам“.

Иако Ковачевски пред гласањето за новата влада им се заблагодари на пратениците кои го поддржуваа во дводневната расправа, како и за искажаните критики со зборовите:  „Легитимитетот на Владата е неспорен, и со зголемената поддршка на мнозинството, таа е одржлива во следните две и пол години. Јасно и гласно потврдувам дека избори ќе има, но во 2024 година“ чинам дека и самиот тој по гласањето не верува во искажаното. Посебно мислам дека не е сигурен во делот на одржливоста на тенкото мнозинство. Лично сметам дека многу е тешко да се одржи мнозинство од само 1-2 пратеника плус од неопходниот минимум, а како тоа функционира, видовме во минатото.

И покрај тоа што сите пратеници на СДСМ и коалиција (освен една болна пратеничка која била на„готовс“ доколку притреба) како и оние на Беса во целост си ја исполнија партиската обврска, партијата на Али Ахмети и покрај неговата неприкосновеност, па дури и јавна најава и гаранција дека сите 15 пратеници на ДУИ ќе гласаат за новата влада, сепак тоа не се случи. Пратеникот и потпретседател на ДУИ Изет Меџити јавно изјави дека нема да гласа и не гласаше за новата Влада како реакција на предложените партиски кадровски решенија и неговиот принципиелен став по однос на тие решенија. Ова јавно недавање на поддршка на новата влада го ослабува парламентарното мнозинство и е во спротивност со тврдењето на Ковачевски за одржливо мнозинство. Премиерот мора да знае дека Меџити не е било кој човек, туку потпретседател на ДУИ и пратеник кој си има сериозен број приврзаници и истомисленици и кој може во иднина сериозно да влијае на опстојувањето на оваа коалиција. Покрај ова, доколку ги имаме предвид и неколкуте други партиски струи кои, сè погласно и јавно, искажуваат несогласување со одредени политики на партискиот врв на ДУИ, тоа е доволен и јасен сигнал и истите повеќе говорат во прилог на неодржливост отколку на одржливост на ова мнозинство до 2024 година.

Не би сакал да бидам некој пророк (напротив и јас сакам мојата држава конечно да доживее прогрес на секој план) но мораме да имаме предвид и неколку други факти кои не одат во прилог на големиот оптимизам на Ковачевски и тоа не само во делот на одржливоста на мнозинството, туку и околу реализацијата на зацртаната владина програма. Прво, за жал, воспоставена е практика министрите во владата да не сносат одговорност пред премиерот, туку пред својот партиски лидер. Второ, при предлагањето на кандидати за министри од страна коалиционите партнери, премиерот нема никакво влијание и не се бара негова согласност (без разлика на тоа дали тој сакал или не сакал, му се допаѓал или не му се допаѓал кандидатот) тој мора да ги прифати кадровските решенија такви какви што ќе му се предложат од страна лидерот и партијата која е коалиционен партнер во владата. Овие два факта недвосмислено покажуваат колку е „неприкосновен“ кредибилитетот и интегритетот на речиси сите досегашни премиери на владата на нашата држава. Во контекст на ова, доколку се има предвид дека најголемите проблеми и приоритети на новата влада се решавање на енергетската и здравствената криза, економијата, надворешната политика, правосудството и корупцијата, а владините сектори за енергетика, надворешна политика, образование, финансии и здравство сега ги раководат кадри предложени од коалициските партнери, лесно и недвосмислено и со право може да се постави и прашањето за ефикасноста и ефективноста на реализација на целите и задачите предвидени во програмата на премиерот Ковачевски и тоа посебно во ситуација доколку искрснат одредени недоразбирања и несогласувања на тековен план како и во случај на доцнење на реализацијата на партиските меѓусебни договори. А такви недоразбирања досега имаше премногу и истите во име на опстојувањето на мнозинството се „криеја под владиниот тепих“. Доколку се случат вакви или слични работи, во тој случај Ковачевски е тој кој што ќе мора постојано да попушта односно да прави недозволиви отстапки и компромиси на општа и сопствена штета или пак да покаже „заби“ и да го раскине коалициониот договор. И тука сѐ зависи од неговиот личен интегритет или пак од спремноста да се голтаат „кнедли“ и да се молчи сѐ до 2024 година.

И на крајот на оваа моја кратка анализа, уште еден факт во прилог на мојот песимизам оваа влада да го истурка мандатот до датумот за редовни парламентарни избори во 2024 година. Се чини дека помалите коалициони партнери на СДСМ никогаш не биле подоследни и така енергични во  барањето за една изборна единица. Условот кој му го поставија на премиерот Ковачевски за поддршка на владата е Законот за една изборна единица да се донесе во првите три месеци од нејзиното профункционирање. Бидејќи ДУИ не е за една изборна единица, а СДСМ глуми дека сака една изборна единица, прашање е како ќе реагираат ЛДП, ДП, ДОМ и ДПТ во случај да не се донесе посакуваниот закон. Колку и да бидат трпеливи овие три-четири коалициони политички партии на СДСМ сепак се чини дека нема да чекаат законот да се донесе кон крајот на 2024 година. Посебно во овој сегмент мошне е децидна ДП на Павле Трајанов. А сето тоа ќе создава непријатности и тензии во самата коалиција на власт и ќе влијае врз ефикасноста на работата и одржливоста на мнозинството. Лично сметам дека овој навидум небитен проблем е сериозно горлив проблем за Ковачевски кој ќе му виси над главата како „Дамоклов меч“ посебно во првите 100-150 дена од премиерствувањето. Ако на ова се надоврзе и проблемот со Бугарија како и многуте информации кои ќе излегуваат во јавноста околу тоа што сѐ ќе бидеме принудени да отстапиме или пак сами да се нудиме на отстапки кои ќе бидат непримерни, недозволиви и недостоинствени заради отпочнување на преговорите со ЕУ, навистина ми се чини дека 2024 година е мошне далечна како година во која ќе се одржат редовните парламентарни избори. Со оглед на само овие неколку факти кои ги наведов во оваа моја кратка анализа реално е предвремени парламентарни избори да се одржат во втората половина на оваа 2022 година.

Да поживееме, па да видиме колку премиерот Ковачевски бил во право кога во неделата пред инагурацијата ја убедуваше јавноста и пратениците за одржливост на парламентарното мнозинство до 2024 година! А дотогаш до вонредните или редовните парламентарни избори, замолувам за поголема политичка и општа коректност и ширина, а помалку глупости, импровизации и штети по грбот на нашите граѓани.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ