Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје се регистрирани 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови.
Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.
Од министерство истакнаа дека во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на КОВИД-19, а по градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.
„Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1231 , а последната дистрибуција по градови е: Скопје – 411, Куманово – 340, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –117, Тетово – 60, Струга – 55, Велес – 59, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4,Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2,Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2 и Пехчево- 1“, соопштија од министерството.
Во ГОБ „8 септември“ починал пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Пациентот бил во тешка состојба, хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.
Во изминатото деноноќие направени се 207 теста, a досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања на ковид -19.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина. Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти“, извести министерството.












