• Latest

Граѓаните порачаа дека без нивно учество нема успешни преговори за излез од кризата!

July 18, 2016

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Граѓаните порачаа дека без нивно учество нема успешни преговори за излез од кризата!

July 18, 2016 17:15
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Граѓаните ќе ја решат кризата!“ – гласаше пораката која активистите на Шарената револуција ја напишаа на улицата пред резиденцијата на американскиот амбасадор, Џејс Бејли во Скопје, додека се одвиваа преговорите на замениците претседатели на четирите политички партии-потписнички на Договорот од Пржино

Untitled

Активистката Мирјана Најческа истакна дека граѓаните излегоа на улица затоа што не се задоволни од власта, но исто така, и за да и пренесат порака на секоја наредна власт – дека ништо не може да се постигне без согласност на граѓаните на Македонија.

NAJCE

„Граѓаните протестираа за да ја сменат праксата на власта – да не води сметка за мислењето, гласот, интересите и за потребите на граѓаните. Апсурдно е да преговараат политичари кои си ставаат политички послушници во парламентот за да преговараат за некакви промени, за некакви избори, за регуларност, за некакви реформи…, без граѓаните. Она што го бараме е да учествуваме во процесот на донесување на она што претставува преговарачки резултат и да не заборават политичките партии дека мораме да бидеме дел од процесот на одлучување. Доколку нешто се договорат, а нам не ни се допаѓа, и доколку дојде нова власт и уште од старт почне да работи против нашите интереси и потреби, ние пак ќе излеземе на улица и ќе викаме, меѓутоа многу посилно и порадикално, бидејќи ги научивме лекциите како можеме да бидеме излажани, да бидеме пренесени жедни преку вода. И, научивме дека политичките партии многу лесно можат да ги искористат граѓаните. Не сфаќаат дека ова држава е држава на граѓаните на Република Македонија, а не држава на политичките партии“, рече Најчевска.

Активистот Петрит Сарачини, изјави дека граѓаните будно ќе ги следат сите политички случувања.

PETRIT

„Ние бараме да бидеме вклучени во преговорите бидејќи граѓаните не знаат за што се преговара зад затворени врати. Ние не бараме да бидеме тие што ќе одлучуваат, туку да бидеме гласот на граѓаните и да ги известуваме за што се преговара. Ние ќе може да предложиме и алтернативни и подобри решенија, таму каде што ќе запре работата во преговорите. Без учество на граѓаните, преговорите нема да дадат никаков напредок, како што тоа досега се случува. Процесот ќе биде киднапиран од политичките елити, а решенијата кои ќе се донесуваат, ќе им служат само на политичките елити, на тесните центри на моќ што со години ја узурпираат политиката и суверенитетот на граѓаните“, рече Сарачини.

Тој истакна дека тие што бараат да се формира политичка партија на граѓаните, за да можат да учествуваат на преговорите, всушност, не ги знаат доволно демократските права и слободи.

На новинарско прашање, како ќе учествуваат граѓаните од Шарената револуција на преговорите, кога претседателот Ѓорѓе Иванов, дел од нив ги нарече платеници кои имаат претходно смислено сценарио, Најчевска одговори дека тоа е мислење на еден нелегитимен претседател на држава, бидејќи ниту граѓаните, ниту меѓународната заедница не го сметаат за претседател. „Ирелевантно е мислењето на еден човек со минимални интелектуални капацитети“, додаде таа.

Дехран Муратов

Tags: „Граѓаните ќе ја решат кризата“Мирјана НајческаПетрит Сарачинирезиденција на Џејс Бејли
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ