• Latest

Жените во Швајцарија протестираа за еднакви права

June 17, 2019
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жените во Швајцарија протестираа за еднакви права

June 17, 2019 13:02
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На 14 јуни 1991 година, половина милион жени во Швајцарија се приклучија на првиот женски штрајк. Сега, речиси 30 години подоцна, повторно се мобилизираа. Десетици илјади жени во Швајцарија во петокот (14 јуни) излегоа на улиците  на историски штрајк, барајќи еднаков третман и услови во споредба со нивните машки колеги.

Протестите се организираа  речиси три децении по штрајкот во 1991 година, кога жените побараа уставниот напис за полова еднаквост  да биде преведен во конкретно законодавство.

Жените протестираа против  нееднаквиот третман, вклучително и пониските плати од мажите, бидејќи тие  во просек заработуваат 20% помалку од мажите. Дискриминацијата и тешкотијата на комбинирање на работата и семејството се исто така прашања.

На почетокот на протестите во неколку градови низ Швајцарија црквите звонеа во 11 часот, за да се одбележи официјалниот почеток на протестите. Во Лозана жените излегоа на улиците во текот на ноќта и протестираа со симболично палење градници и други предмети, во Цирих протестантките го сопреа сообраќајот во центарот на градот. Околу 70. 000 протестираа на финалната демонстрација на Хелветиаплац, иако се вели дека бројката била два пати поголема.

Швајцарскиот парламент ја прекина седницата за 15 минути. Неколку членови на владата, исто така, беа активни, меѓу кои и министерот за внатрешни работи, Ален Берсет, кој објави тивок видеозапис за да ги потенцира проблемите со кои се соочуваат жените во Швајцарија.

https://www.facebook.com/BersetAlain/videos/1091753694368338/

Дури и ако неговото историско значење не беше препознаено на почетокот, штрајкот од 1991 година имаше одлучувачко влијание врз напредокот во однос на еднаквоста на половите и борбата против дискриминацијата во Швајцарија. Новооткриената сила на женското движење се покажа во 1993 година, кога десничарското мнозинство во парламентот одби да го избере кандидатот на Социјалдемократската партија, Кристијан Брунер, на место во Федералниот совет.

Околу 500.000 жени низ целата земја се вклучија во штрајкот на жените преку различни видови акции. Тие повикаа на еднаква плата за еднаква работа, еднаквост според законот за социјално осигурување и за прекин на дискриминацијата и сексуалното вознемирување.

Штрајкот во 1991 година, исто така, имаше за цел да ја одбележи 20-годишнината од добивањето на гласовите на федерално ниво, цел постигнат многу доцна во Швајцарија, во споредба со сите други земји во Европа и во поголемиот дел од светот.

Во 1996 година беше донесено законодавство за да се обезбеди еднаквост на половите, што беше една од барањата на штрајкот. Во 2002 година, швајцарските гласачи ја одобрија легислативата за абортус. Во 2004 година, статијата во уставот за породилно отсуство, која беше во уставот од 1945 година, конечно се имплементирана во законодавството.

“Во 2019 година, ние се уште бараме еднаквост и сфаќаме дека мора да има многу повеќе од ова – културата на сексизмот е дел од секојдневниот живот во Швајцарија, таа е невидлива “, изјави Клара Алмеида Лозар (20), една од организаторките на штрајкот на жените  во Швајцарскиот сојузен институт за технологија во Лозана.

Д. Тахири

Share77Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ