• Latest

Новиот закон за Јавно обвинителство предвидува и специјализирано судско одделение

July 22, 2019
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новиот закон за Јавно обвинителство предвидува и специјализирано судско одделение

Ова се предвидува со членот 30 алинеа 4 на првичниот текст на предлогот кој власта му го испрати на ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите, а како што дознава ЦИВИЛ Медиа, истото решение било пренесено и во финалниот текст на предлог законот кој утре ќе влезе во собраниска процедура.

July 22, 2019 17:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот предложен закон за Јавно Обвинителство со кој СЈО ќе се спои со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, предвидува и формирање на специјализираното судско одделение каде ќе им се суди на случаите отворени од досегашното СЈО и новоформираната Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Ова се предвидува со членот 30 алинеа 4 на првичниот текст на предлогот кој власта му го испрати на ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите, а како што дознава ЦИВИЛ Медиа, истото решение било пренесено и во финалниот текст на предлог законот кој утре ќе влезе во собраниска процедура.

“Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува пред специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, во Кривичниот суд Скопје.”, се вели во првичниот текст кој се најавува дека е пренесен и во најновиот предлог закон.

Во образложението се вели дека предлозите произлегуваат најголем дел од препораките на меѓународните организации и институциии за реформи во обвинителството и правосудниот систем. Со ова решение ќе се исполни и дел од забелешката и на внатрешната експертска јавност кои цело време алармирале дека една од причините за отежнување на работата на досегашното СЈО е и недостигот на специјален суд.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска рекоа дека им треба повеќе време за да го анализираат целиот текст на предлог законот, но беа децидни дека за нив е неприфатливо Вилма Рускоска да биде на чело на новото специјално обвинителство.

„Во однос на законот како што рековме и вчера сè уште се вршат анализи во однос на целиот закон така што во текот на утрешниот ден и кога и да биде завршена таа анализа ќе излеземе со забелешки. Во однос на другите предлози, веќе кажавме за Вилма Рускоска. Таа е неприфатлива за нас бидејќи таа е во директна спрега со Зоран Заев“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие обвинија дека и решението Рускоска да биде главен обвинител е мешање на партиите во независноста на ова обвинителство. Но, од СДСМ демантираа дека се мешаат во изборот, објаснувајќи дека Рускоска има сè уште мандат на чело на обвинителството кое ќе се спои со СЈО и со тоа ќе се формира ново јавно обвинителство.

„Предлогот произлегува од фактичката ситуација. Во моментот во рамките на Јавното Обвинителство за организиран криминал и корупција функционира и избрана е од советот на јавни обвинители Вилма Рускоска. Од тука произлегува и предлогот таа да го продолжи новото Јавно Обвинителство за организиран криминал и корупција во рамките на Јавното Обвинителство.

Од ДУИ изјавија дека го подржуваат новиот предлог заонот и се надеваат дека низ парламентарна дебата на комисиите и пленарна седница ќе се надминат сите забелешки и законот ке добие потребно мнозинство.

Арбен Зеќири

Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ