• Latest

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Храброст“

(или: за однесувањето на глумецот – премиер)

November 29, 2026 10:39
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

Насловот на оваа колумна е ставен во наводници, како јасна алузија на однесувањето на професор, доктор ем премиер Мицкоски во улога на премиер на македонската политикантска сцена. Толку многу овој лош глумец е храбар што по завршувањето на интервјуто на Телма, нарача една Јоци да го брани на ФБ. Е нели нема нарачани текстови професоре, докторе ем премиере Мицкоски? Нема, ама во Financial Times и други светски медиуми кои држат до своето достоинство и реноме. Но има во македонските медиуми и на ФБ каде треба да се заштити ликот и не-делото на професор, доктор ем премиер Мицкоски, а посебно да се заштити неговата „храброст“. Тоа што загрижува е немањето доблест кај мејнстрим медиумите во Македонија да се позанимаваат со анализа на „храброто“ премиерско интервју и сѐ она што го искажа, како и неговото однесување потоа, а што укажува на сериозно нарушени демократски состојби во македонското општество.

Незамислива „храброст“ е да во интервју пред целата македонска јавност не сакаш да одговориш на прашање на новинарот, и тоа на многу нормално и јасно прашање поврзано со јавните пари на граѓаните вложени во вториот пензиски столб. Одговорот, дека во никој случај нема да се одговори, со божем умното појаснување, дека за некои работи не се дискутира јавно, е безобразлук. Имам едно прашање до професор, доктор ем премиер Мицкоски: „Дали ти си премиер на Републиката или главен бизнисмен кој не оддава деловни тајни, или можеби шеф на мафија па не сакаш да зборуваш за тајни и сомнителни бизниси“? Се работи токму за 3% од 3,5 милијарди евра пари на македонските граѓани во вториот пензиски столб во три друштва кои се инвестираат во ризични инвестиции надвор од законските рамки и кои остаток од 3% (а дали е само 3%?), не се знае каде оди, кај кого, и дали е платен данок? Ете на тоа прашање професор, доктор ем премиер – глумец, Мицкоски, не сакаше да одговори. За ова никаков коментар или анализа кај медиумите, како да не се случило, но затоа новинарката која го постави прашањето ќе биде виновна во еден (не) нарачан текст кај една „новинарка“ на ФБ која заедно со уште неколку ликови на кој им се дава и јавен простор претставуваат алтер его на професор, доктор и глумец на премиерската позиција Мицкоски.

„Храброста“ на професор, доктор ем премиер Мицкоски е видлива и во односот кон студентот Бленди Ходаи. Еден студент го испровоцира професорот, докторот ем премиерот Мицкоски и овој наместо да се соочи со него, ги ангажираше своите медиумски кучиња за да го развлекуваат момчето во пропагандни раскази за неупатена маса. Згора, доколку можат и да предизвикаат етничка нетрпеливост, затоа што момчето-студентот е Бленди. Во манирот на покажување „храброст“ Мицкоски и од собраниска говорница повторно оди во насока не-возбудување на духовите од минатото – глумејќи патриот и не-кодош.

Преку изјавата на Мицкоски, дека: „Автобусот на Црна Гора и Албанија кон ЕУ се клати“, односно дека нивниот пат до ЕУ е несигурен, тој најбезобразно кон ЕУ и секако „храбро“ кон домашната јавност се прави мангуп. Многу ме интересира дали ќе биде така храбар и мангупски расположен кога ќе треба да побара пари од онаа настраната и никаква ЕУ, вклучително и од оние малку над 330 милиони евра кои ѝ се одземени на Србија? Колку што можевме да забележиме декларацијата од Самитот за проширување на ЕУ не кажува ништо во полза на наративот на професор, доктор ем премиер Мицкоски. Веројатно таму бил толку „храбар“ како што беше пред десетина дена во присуство на Рама, кога рече дека: „Македонскиот идентитет е загарантиран во Преспанскиот договор, а јазикот во ООН“.

Оттука се поставува едно логично прашање: „Од што и од кого тогаш Христијане ни го браниш идентитетот“? Е па од онаа никаквата ЕУ и уште по лоша Бугарија – нели! Затоа наоѓа разни изговори како да не дојдеме до почеток на преговорите и да се закачиме за возот, пардон, да го закачиме нашиот автобус на бандажи за автобусот на Црна Гора и Албанија кој се клати, па така клатејќи се, заедно со нив конечно да стигнеме до ЕУ.

Сепак, очигледно е дека професор, доктор ем премиер Мицкоски е голема лисица која во клатењето на автобусот гледа можност, тој да оди зад него чекајќи кога ќе се преврти и Црна Гора и Албанија никогаш да не стигнат во ЕУ, а тој да биде во право и да ја потврди сопствената „храброст“ и визионерство, зошто Македонија не се поместува кон ЕУ, туку стои во автобусот на бандажи. Во меѓувреме да земе уште  некоја пара – евро, од ЕУ која ја гледа како крава за молзење, чие виме полно со пари се клати само за него.

Ами тоа однесување на професор, доктор ем премиер Мицкоски е еднакво на онаа на лисицата од народната приказна кога одела по овенот чекајќи да му паднат ташаците кои се клателе. Се клателе, ама не паднале, па така можеби автобусот на Црна Гора и Албанија се клати, но тие се барем навистина храбри да влезат во него и така клатејќи се пред нас да стигнат во ЕУ. Потоа, веќе еднаш одамна ви реков, нема да биде важно дали Рама ќе е премиер на Албанија, во Албанија но и во регионот наскоро ќе дуваат други регионални политички ветришта.

Тамам се понадевав дека за оваа недела завршија „храбрите“ ем „визионерски“ мозочно клатени изјави на професор, доктор ем премиер Мицкоски, кога еве, повторно, тој „храбро“ од Брисел ни порача (нам, не на Кошта и Урсула) дека нема да менува Устав за да во истиот го внесе бугарското малцинство и дека најпрво мора да се прифати „Акцискиот план за унапредување на правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“. Оваа порака на професор, доктор ем премиер Мицкоски од Брисел е наменета за нас во Македонија. Таа е излив на „храброст“ наменета за конзумирање на македонското граѓанство, пред сѐ, на она понеграмотно кое може лесно да се манипулира. Токму да се манипулира, повторно преку божем одбраната на македонскиот идентитет кој е загрозен и од еден акциски план. А уште пред една година ви кажав за Акцискиот план за малцинства дека е дел од пакет кој содржи три патокази за олеснување на пристапот кон ЕУ и тоа предложен од Франција. Целиот пакет  е составен од Акцискиот план за малцинства, Патоказот за движење кон ЕУ и владеење на правото и Планот за реформи во јавната администрација за што уште во Февруари 2025 година професор, доктор ем премиер Мицкоски се обврза дека ќе го подготви до крајот на Јуни 2025 година. Но како што вообичаено бива, потоа, тој „храбро“ избегнуваше да се види со француските претставници и да зборува за овој пакет. Дури минатата година во Декември под притисок на експерти од Италија се подготви Акцискиот план за малцинства.

Доколку паметите, и тогаш глумеше лудило и истиот наместо во Брисел го праќаше во Софија од каде му го враќаа со образложение дека е убаво што го испратил за консултации, но дека тоа е документ за пред ЕК. Тогаш Мицкоски започна една „храбра“ драмолетка со Софија во која тој самиот беше единствениот глумец. Глумата се темелеше на наводниот проблем во врска со јазикот на комуникација во билатералните односи со Бугарија. Инаку, сите знаеме дека уште од минатиот век постои меѓудржавен договор помеѓу Македонија и Бугарија дека билатералната преписка ќе оди на македонски и бугарски јазик и дека не ни е потребен превод.

Сега, повторно ги слушаме истите раскази од страна на професор, доктор ем премиер Мицкоски. Повторно треба да ги забавува македонските граѓани со истата забава од пред една година. Тоа, за оние со кратко паметење, посебно затоа што Акцискиот план за малцинства е план кои го подготвува, но и спроведува Македонија не ЕУ, а за него мислење дава ЕК и Бугарија не може да стави вето. Бугарија, може да стави вето единствено во Советот на ЕУ при отворањето на Кластерот 1 каде се разгледуваат малцинските права и владеењето на правото. Но тоа е прашање кое во овој момент не е поврзано со Акцискиот план за малцинствата, туку во основа проблемот е во владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права. А тоа е наше македонско прашање – ете лицемерие и „храброст“ на глумецот Мицкоски во замајување на граѓаните.

Но врв на „храброст“ – всушност неизмерно лицемерие е говорот во Собранието на Македонија на седницата за пратенички прашања, каде професор, доктор ем премиер Мицкоски истресе две тотални нелогичности, за кои повторно тврдам дека можат да поминат кај исклучително не критичните и неграмотни наши сограѓани. Едноставно, овие две нелогичности се видливи од вселената и се однесуваат на следното:

Прво, професор, доктор ем премиер Мицкоски кажа дека неговата владина економија (прва, втора, трета итн.), е поуспешна во споредба со владината економија на СДС од пред две години и тоа поради фактот дека СДС воделе антимакедонска, предавничка, не национална политика која го сменила името на државата. Не е во прашање лошата политика на СДС, поради која и ги изгубија изборите, патем, според резултатите на изборите од 2020, не може да се каже дека македонските граѓани го казнија лицето З.З. и СДС заради нивните предавнички политики и пред сѐ, промената на името. Проблемот во логиката е во тоа што економијата не зависи од политичките одлуки на било која влада поврзани со промена на Устав или име на државата, туку исклучиво и само од креирањето на економските политики, услови и растот на бруто националниот доход, а тоа е поврзано и со чувството за сигурна економија и реалната и ефективна борба против корупцијата. А со ова, посебно последното, професор, доктор ем премиер Мицкоски не може да се пофали.

Второ, професор, доктор ем премиер Мицкоски повикувајќи се на своето домашно воспитување (многу невкусно во овој контекст и за тоа во каква функција го стави истото), од собраниска говорница рече дека опозицијата или сите оние кои не се согласуваат со неговите политики, го озборувале него и државата пред меѓународните институции, а тој пак и покрај сѐ, храбро ги бранел сите.

Ова е потполно нелогично, бидејќи повлекува неколку многу логични прашања на кои секој од нас треба да си одговори:

1. Дали професор, доктор ем премиер Мицкоски, кога како опозиционер одеше на меѓународни средби, посебно во рамките на ЕПП и во Брисел, зборуваше дека Заев и Ковачевски се добри момчиња, но дека нивните политики се погрешни? Ова е толку шизофрено што е надреално. Впрочем, сосема нормално е опозицијата да зборува лошо за власта – секаде и секогаш, и да ги критикува, како нејзините политики, уште повеќе нејзините кадровски решенија, бидејќи политиките ги спроведуваат кадри. Прашање е колку опозицијата ќе измислува или ќе изнесува вистини и факти, но тоа е проблем на тој кој слуша, бидејќи и власта при истите тие средби како противаргумент во своја полза пред слушателите ќе применува исти методи.

2. Дали професор, доктор ем премиер Мицкоски пред наши очи (снимено од телефон) даваше разни ветувања на Бојко Борисов на една средба на маргините на самит на ЕПП во Загреб, само и само да остави добар впечаток пред партнерите во ЕУ и да се добере до таму каде што денес заседна и ни пее друга песна? Патриотска и некодошка песна – како што самиот храбро ни вели, според неговите вредносни мерки.

3. Како тоа професор, доктор ем премиер Мицкоски пред меѓународната јавност ги брани сите – и позиција и опозиција? Веројатно мисли дека тоа го прави преку бизниси со сомнителни банки, со проруски наративи и „не“ нарачани текстови во медиуми и на социјални мрежи, а пред домашната јавност од собраниска говорница ги нарекува предавници. Несомнено дека седниците на Собранието на Македонија, а особено обраќањата на премиерот ги следат со големо внимание претставниците на амбасадите во Македонија, за што составуваат и извештаи и анализи. Или тие не се надворешни – наши си се, домашни. Многу контрадикторно од еден професор, доктор ем премиер, или потполно непознавање на состојбите и живеење во некој паралелен свет.

Ете, така се однесува професор, доктор ем премиер – глумец Мицкоски, мнооогу „храбро“. Исто како и менторот му Вучиќ чија глума веќе никаде не поминува, а Србија ја плаќа сметката – засега со милиони евра одземена поддршка од ЕУ, а допрва ќе дојдат на ред НИС, Србија гас и други прашања. Имам една дилема во овој контекст, но повеќе е љубопитност. Имено, се прашувам каква порака му донесе новиот претседател на собранието на Србија, колегата Александар Чупиќ на колегата Мицкоски во текот на приватната вечера во Охрид. Дали можеби Чупиќ му кажа на храбриот Мицкоски дека состојбите на Балканот се веќе променети?

Тешко е да се врати општеството од владеењето на еден „храбар“ глумец, во реалноста на современата геополитика, но на истото тоа општество ќе му биде уште потешко да ги плати сметките кои ќе му ги остави глумецот. Можеби Чупиќ за тоа му има зборувано на Мицкоски, онака колегијално, академски, а можеби пак професор, доктор ем премиер Мицкоски не слуша доценти? Дома, во Македонија со сигурност не ги слуша студентите дури ни за егзистенцијален оброк – храбро чека одлука да донесе судот.

Но нам, несомнено, за да го вратиме општеството во нормала ќе ни требаат судовите, но повеќе ни е потребно многу храброст.

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.


НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани | Повеќе информации: info@civil.mk


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ