Движењето Еко Герила остро го осудува нападот и заканите што беа упатени вчера во Охрид кон Илjаз Илjази од општински советник во Охрид, член на ДУИ, Нефи Усеини.
„Високо го цениме придонесот што г. Илjаз Илjази како наш надворешен советник и експерт за прашања поврзани со загадувањето на животната средина и изразуваме сериозна загриженост дека владеењето на правото во нашата земја е далеку над очекувањата на граѓаните. Културата на неказнивост за кривични дела кон политички службеници е неподнослива.
Ги повикуваме Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да одговорат и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што може да ја имаат.
Ова реакција ќе ја испратиме и до меѓународните организации и амбасади за да ги потсетиме дека еден од клучните услови за започнување преговори со ЕУ е судската реформа, борбата против корупцијата и организираниот криминал и владеењето на правото“, се вели во реакцијата на Еко Герила.












