• Latest

Царовска: Продолжуваме со деинституционализацијата, Корешница стана нов дом на три лица од Заводот Демир Капија

July 31, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Продолжуваме со деинституционализацијата, Корешница стана нов дом на три лица од Заводот Демир Капија

July 31, 2019 15:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во демиркапиското село Корешница, денеска започна со работа нов групен дом за три лица со интелектуална попреченост,коишто досега беа сместени во Специјалниот завод Демир Капија.

Четири негуватели, поддржани од стручни лица од Заводот, ќе обезбедуваат 24 часовна грижа за корисниците и ќе им помагаат да се вклучат во општетсвото. Марија (24), Дарко (23) и Игор (24) добија дом со личен, интимен простор и можност да го организираат денот според сопствените желби и интереси.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Општина Демир Капија Лазе Петров и в.д. директорката на Специјалниот завод Демир Капија Александра Велковска им посакаа добредојде на корисниците во нивниот нов дом.

„Деинституционализацијата ги отвора нашите заедници кон лицата кои неправедно беа изолирани со децении. Кога живеете во голема институција, не избирате како ќе го поминете денот, што ќе јадете, немате сопствено катче, целосно сте отсечен, дури и физички, од заедницата… Живеењето со поддршка е современа социјална услуга што овозможува корисниците да живеат во средина налик на семејната, да управуваат со своите животи и да учествуваат во заедницата и токму тоа го овозможуваме во малите групни домови“, рече министерката Царовска.

Царовска истакна дека новиот Закон за социјалната заштита дава можност за развивање и финасирање на социјални услуги на локално ниво во кои се очекува активна вклученост од локалнитесамоуправи и граѓанските организации.

Градоначалникот Лазе Петров истакна дека Општина Демир Капија го обезбеди објектот во којшто е сместен домот, и истиот беше реконструиран со средства на Министерството за труд и социјална политика.

„Соработката помеѓу локалната самоуправа и Министерството за труд и социјална политика е вистинскиот начин да се обезбедат социјални услуги во заедницата. Општина Демир Капија ќе продолжи да ја поддржува трансформацијата на Специјалниот завод во современ давател на социјални услуги, со кои ќе се грижиме не само за корисниците на Заводот, туку и за потребите на нашите сограѓани“, изјави Петров.

В.д. директорката на Специјалниот завод Демир Капија Александра Велковска истакна дека деинституционализацијата овозможува поквалитетно живеење за корисниците, но и подобри услови за работа на вработените.

„Во минатото, колегите се плашеа дека овој процес води до губење на работните места. Лани беше тешко да ги убедите вработените да преминат од Заводот во групните домови, но отпорот повеќе го немаме и за работа во Корешница ни се пријавија доброволно неколку лица од Заводот“, изјави Велковска.

После домовите во Неготино, с. Тимјаник и во Скопје, групниот дом во Корешница е четвртиот што обезбедува современа грижа во заедницата за лицата со интелектуална попреченост од Заводот во Демир Капија. До крајот на август ќе биде отворен уште еден групен дом за четири лица од демиркапискиот завод во Скопје, во соработка со Сојузот на специјални рехабилитатори и едукатори и Град Скопје.

Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да ја спроведува Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“ (2018-2027) усвоена од Владата. Досега повеќе од една третина од корисниците местени во установите се веќе преселени во алтернативни форми на згрижување. Нашата цел е до крајот на годината, ниту едно дете под 18 години повеќе да не живее во институција, додека во следните три до четири години, сите возрасни корисници да се преселат од институциите во заедницата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ