Бизнисменот Сеат Кочан кој е правосилно осуден со 4 години и 8 месеци затвор во случајот „Труст“, по трет пат се обидува да го одложи отслужувањето на затворската казна.
Тој се хоспитализирал во приватна болница, а во меѓувреме поднел ново барање за одложување на затворската казна.
„До надлежниот судија за извршување санкции доставено е ново барање за одложување на издржувањето на затворската казна, по кое барање судот веднаш се обрати до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот, за добивање на целокупната документација поврзана со барањето“, известуваат од Кривичен суд.
Од таму додаваат дека откако ќе се добие целата документација, надлежниот судија дополително ќе одлучи дали барањето ќе биде разгледано или отфрлено. Тој е прогласен за виновен за тендер вреден 17 милиони евра, кој го добил од ЕЛЕМ прикажувајќи лажна документација.
Првите две жалби за одложување на затворската казна биле одбиени од кривичниот совет при Кривичен Суд Скопје 1.












