• Latest

Македонија го почитува меѓународното право за случајот со Kосовецот Томор Морина

August 3, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија го почитува меѓународното право за случајот со Kосовецот Томор Морина

August 3, 2019 09:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Текстот објавен на порталот „Правда.рс“ со исклучително навредлив наслов: „Македонците повторно лижат шиптарска чизма: штитат ОВК терорист!“ („Македонци лижу шиптарску чизму поново: штите ОВК терористу!“), креира сосема погрешна слика за случајот со екстрадицискиот притвор  на Томор Морина, поранешен член на ОВК, кој е уапсен во земјава по потерница на Србија. Кога ќе се прочита насловот на српскиот портал се добива впечаток дека Македонија го заштитува Морина, а, всушност, станува збор за почитување на строгите правила на меѓународното право во вакви случаи.

Тоа го објасни и премиерот Зоран Заев деновиве (26.07.2019) одговарајќи на прашањето од пратеникот и  координатор на ДУИ, Ејуп Аљими и во интерес на вистината, тука го пренесуваме неговиот став:

-Владеењето на правото и почитувањето на меѓународни узанси и правила е норматив, европска вредност за која и вие и јас и сите се залагаме. Потерницата е стигната од Интерпол, не е ниту од Вучиќ или Милошевиќ. Од Интерпол, каде сме членка и каде сме гласале и Косово да биде членка, без разлика што Србија е против. Постапките ги води надлежен обвинител и за нив одлучува надлежен судија, ниту ги води Заев, ниту Спасовски, ниту Агим Нухиу, ниту кој било од Владата – рече Заев.

Во оваа прилика Заев, исто така, му укажа на пратеникот од ДУИ, пред  револтирано да го вперува прстот кон министрите и премиерот, дека мора прво да знае кој води постапки и кој одлучува.

-Второ, кој е законот и владеењето на правото, и, трето, што значи почитување на меѓународните закони и правила. Праксата досега покажала во вакви случаи, вклучително и премиерот Рамуш Харадинај, на меѓународни потерници каде било во земјите-членки и земјите што се членки на ЕУ, а го признале Косово, тие постапуваат по меѓународното право. Правосудството и во Австрија и во Северна Македонија и во Грција, и во Британија носи одлуки за екстрадициски притвор. За време на одлуката за екстрадициски притвор, надлежните институции одлучуваат за правото на екстрадиција или не. Во тоа право јасно стои дека тој е граѓанин на Косово, а не е граѓанин на Србија, и се ослободува од притвор и не се прави екстрадиција. Тоа е меѓународното право – рече Заев.

Премиерот од собраниската говорница појасни дека од Министерството за правда го информирале каква е праксата во вакви случаи и додаде дека верува оти граѓанинот на Косово, согласно тоа дали има или не, екстрадициска одлука ги има сите права, согласно закон, владеење на правото и на меѓународното право.

-Праксата покажала дека Интерпол, кога ги прима документите, во нив стои дека е граѓанин на Србија. Тоа не е точно. Денеска нашата земја и пријателска со Косово потврдува дека тој е граѓанин на Косово, а има пасош и од Велика Британија и од Косово. Дозволете институциите да си ја завршат работата. Најмалку што очекувам е почитување на законите на оваа држава – рече Заев.

Српскиот портал главно точно ја пренесува изјавата на Заев, со тоа што вели дека македонскиот премиер тоа го кажал на прес-конференција, иако тој тоа го соопшти во Собранието на седницата за пратенички прашања. Ова не ја менува суштината, но заради прецизност треба да се посочи.

Во содржинскиот дел има уште една друга грешка –  во пасусот каде што се вели дека според зборовите на Заев:

„Со случајот Морина не се занимава македонската Влада , туку надлежниот обвинител,надлежниот судија и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски,  заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и никој друг“.

А како што може да се види од настапот на Заев во Собранието тој вели:

„…Постапките ги води надлежен обвинител и за нив одлучува надлежен судија, ниту ги води Заев, ниту Спасовски, ниту Агим Нухиу, ниту кој било од Владата“.

Што, секако, има различен призвук!

И, доколку, во овој случај можеби се работи за ненамерна грешка при преводот од македонски на српски, насловната конструкција несомнено е тенденциозна и напишана со нагласено вулгарен тон, што не доликува на еден професионален новинарски производ.

Извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ