• Latest

Новинарка на „Спутник Србија“ дезинформира за македонскиот идентитет и Преспанскиот договор

August 3, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Новинарка на „Спутник Србија“ дезинформира за македонскиот идентитет и Преспанскиот договор

August 3, 2019 09:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Српската испостава на руската мултимедијална новинска агенција „Спутник“, (Sputnik.rs.) неодамна објави интервју со двајца српски историчари на тема кражба на историја на Балканот, со акцент на Македонија, Црна Гора и Косово, при што новинарката уште во старт ја дезинформираше јавноста со два неточни факта.

Разговорот е објавен и кратко прераскажан и на веб страницата на „Спутник“, под наслов „Македонците и Црногорците преживуваат „задоцнет пубертет“ (видео), при што во поднасловот се вади главна поента од разговорот со историчарите Чедомир Антиќ и Милан Гулиќ, дека главна грешка на Србите било тоа што ја признавале „авнојската визура“ на националните идентитети на Балканот.

Без да навегуваме во ставовите на историчарите, новинарката уште во воведот на разговорот ги искажува следните невистини:

„Да почнеме, господине Атиќ, од изјавата на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев кој изминативе денови во интервју за грчка телевизија призна дека Македонците или сега Северномакедонците, краделе туѓа историја. Станува збор за прво отворено признавање, иако со години и децении, да не речам со векови, сме соочени со обиди за фалсификување на историјата во регионот и со тоа се занимаваат речиси сите – но тој, интересно, следниот ден го обвини, како што рече за идентитетски инжењеринг, неговиот претходник Груевски. Како Вие гледате на целата таа приказна со Македонија и што е суштинскиот македонски, северномакеднски идентит – веќе ми е тешко и тоа да го кажам – ако знаеме дека Грците и сега, со новата влада на Мицотакис го оспоруваат Преспанскиот договор, иако приказната е готова, спогодбата  е потпишана и нема натаму, и Северно… северните Македонци сега се факт?“ (од 0:52’’ до 2:03’ во видеото).

Двете крупни невистини што ги наметнува новинарката уште на почетокот на разговорот со своите соговорници се „Северномакедонци“ – и тоа на два три пати искажано, како и тоа дека договорот од Преспа не го прифаќале Грците со новата влада на Мицотакис.

За првата дезинформација, за „Северномакедонци“, новинарката дури е поправена од еден од своите соговорници, историчарот Гулиќ, кој и вели дека не се „Северномакедонци“, туку само Македонци и дека само државата е преименувана во Северна Македонија, на што новинарката се смее и нешто се правда дека имало многу информации… (од 9:30 мин. во видеото).

Втората дезинформација е класична „доработка“ на дезинформации од медиумски наслови, бидејќи многу медиуми, барем во земјава, пренесуваа и сè уште пренесуваат погрешни информации за ставовите на новата грчка Влада во однос на Договорот од Преспа.

Но секако, медиум кој не сака да зборува со деизнформации, треба да ги провери прво фактите, а сè останато, вклучувајќи го и профилот на гостите заради спротивставување на тези и вадење на наслов – е работа на знаење околу професионалните стандарди и етичките норми во новинарството.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ