Најмалку девет лица загинаа од оружен напад откако маж за време на викендот во американскиот град Дејтон, влегол вокафуле и пукал во присутните. При нападот повредени се над 16 луѓе.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен,.
Според локалните медиуми мажот извадил пиштол и почнал да пука откако не му бил дозволен влез во објектот.
Инцидентот се случил само неколку часа откако во Ел Пасо 21-годишно момче уби 20 и повреди 26 луѓе откако отвори оган во продавница на „Волмарт“.
По инцидентот 21-годишниот Красијус е уапсен во предградие на Далас, околу 1.000 километри источно од Ел Пасо.
Инцидентот во Дејтон е 22 масакр во САД во 2019 година, според податоците на Североисточниот универзитет, кој ги следи сите убиства во земјата од 2006 година во кои загинале четворица или повеќе лица, не вклучувајќи ги напаѓачите. Во првите 20 масовни убиства во САД годинава загинале 96 луѓе.
ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација која е дел од Меѓународната акциона мрежа за борба против нелегалното оружје, најостро ги осудува сите оружени напади во земјата и зветот и континуирано излегува со серија препораки за контрола на оружјето.












