• Latest

Варвициотис: Ветото не е нешто што лесно се става во Европа

August 9, 2019
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Варвициотис: Ветото не е нешто што лесно се става во Европа

August 9, 2019 11:16
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Не би рекол дека ветото е нешто што лесно се става во Европа, но она што може да се направи е секојдневен притисок на патот до членство во ЕУ“, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за грчкиот портал „GRTimes“, во однос на тоа дали Атина би ја блокирала европската интеграција на земјава и во кој случај би можела да стави вето.

„Ако нашите односи се влошат, ако не се почитува духот на добрососедски односи, ако постои суштинско прекршување на условите на договорот што го имаме потпишано, ако постои една сериозна промена во врска со функционирањето на владеењето на правото, на демократијата во соседната земја. Не би рекол дека ветото е нешто што лесно го ставаш во Европа. Но, она што може да се направи е секојдневен притисок, бидејќи патот кон Европа на сите останати балкански земји не е лесен тек и преговорите нема да бидат шест месеци или една година. Ќе траат многу години, можеби и деценија за да ја поминат портата на Брисел и да седнат на иста маса во Европскиот совет“, објасни Варвициотис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, во однос на Договорот од Преспа го повторува ставот дека владејачката Нова демократија 0направила сѐ што можело за да не биде потпишан и ратификуван, објаснувајќи дека ревизија на Договорот не е изводливо решение и потенцирајќи дека „Грција е земја која ги брани меѓународното право и меѓународните договори“.

„Кога (Грција) од другите бара да го почитуваат нивниот потпис, така и самата мора да го почитува нејзиниот потпис. Промена, ревизија на Договорот од Преспа, не е ниту лесен процес, ниту во овој процес Грција би дошла со силни оружја на маса. Нејзините силни оружја беа ветото за членство во НАТО и Времената спогодба која предвидуваше дека нашата соседната земја, во сите меѓународни организации ќе биде призната како Поранешна југословенска Република Македонија. Овие работи ги изгубивме со Договорот од Преспа. Речиси се завршува интеграцијата на Скопје во НАТО и секако веќе не е во сила Времената спогодба. Според тоа, ревизијата не е едно од изводливите решенија. Не е да го поништиме. Она што треба да направиме е чекор по чекор во европскиот тек на земјата, да се обидеме да го подобриме“, објаснува алтернативниот министер за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкиот портал.

Во истиот контекст, Варвициотис како пример споменува дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, иако не се согласува со Лозанскиот договор, сепак не го поништува.

Варвициотис смета дека аргументот на претходната грчка Влада, дека е придобивка што Грција го надгледува воздушниот простор на Северна Македонија и не е толку важен, бидејќи Атина истото го прави и со Албанија откако во 2009 таа земја стана членка на НАТО.

„Бидејќи Албанија нема воени авиони, од 2009 грчкото Воено воздухопловство има обврска да го надгледува албанскиот воздушен простор. Мислам дека имаме потрошено некои 10-тина милиони евра, толку беше цената на целиот овој случај и е елемент од нашите НАТО обврски. Што прават воените авиони, за да биде појасно: Во случај некој авион, да престане да емитува сигнал, да не може да се најде на радарот или да се изгуби од воздушниот простор, а се наоѓа над Скопје, тогаш ќе се крене грчки воен авион да види што се случува“, објаснува Варвициотис.

За производите, трговските ознаки и брендот Македонија, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција вели дека претходната Влада, една година не направила ништо „за да ги поддржи македонските производи и не инвестирала воопшто во брендот Македонија“, а сега тие треба да најдат решение за бизнисмените од северна Грција, со цел нивните „македонски производи да се наоѓаат на полиците во целиот свет“.

Говорејќи за Солун и за северна Грција, алтернативниот шеф на грчката дипломатија вели дека неговата мајка потекнувала од грчката Македонија, додавајќи дека се чувствува оти „во неговата крв тече крв на Македонец“, изјава што воедно е и насловот на интервјуто за солунскиот информативен портал „GRTimes“.


Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ