• Latest

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

На прашањето на ЦИВИЛ дали со промената на сопственоста е опфатена и Лукоил Македонија, од таму (по неколку претходно неуспешни обиди) добивме одговор дека подружницата е во 100% сопственост на Лукоил Интернешнл ГмбХ

October 30, 2025 16:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Санкционираниот од САД руски нафтен гигант „Лукоил“ издаде соопштение во кое информира дека добил понуда од Гунвор Груп ДОО за купување на Лукоил Интернешнл ГмбХ (100% подружница на ПЈД „Лукоил“ која поседува меѓународни средства на Групацијата Лукоил). Клучните услови на трансакцијата се претходно договорени од страните.

Во соопштението се вели дека, од своја страна, ПЈД „Лукоил“ ја прифатил понудата, обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи.

Склучувањето на обврзувачкиот договор за трансакцијата е предмет на претходни услови, вклучувајќи добивање дозвола од OFAC од страна на купувачот, како и сите други применливи лиценци, дозволи и други овластувања во други применливи јурисдикции. Доколку е потребно, страните планираат да аплицираат за продолжување на постојната лиценца на OFAC и сите дополнителни лиценци за да се обезбеди непречено работење на меѓународните средства и нивното банкарско сервисирање за периодот до завршувањето на трансакцијата.

Продажбата на Лукоил Интернешнл ГмбХ доаѓа по неодамнешните американски санкции, објавени по пропаѓањето на подготовките за самитот на високо ниво помеѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта, кои се насочени кон двете најголеми руски нафтени компании – Роснефт и Лукоил – заедно со десетици нивни подружници, ефикасно замрзнувајќи ги сите средства на тие компании со седиште во САД.

Купувачот Гунвор Груп ДОО е мултинационална компанија за трговија со енергетски производи регистрирана на Кипар, со главна трговска канцеларија во Женева, Швајцарија. Gunvor има и трговски канцеларии во Сингапур, Хјустон, Стемфорд, Лондон, Калгари и Дубаи, со мрежа на претставништва низ целиот свет. Компанијата е основана во 2000 година, а како основачи се јавуваат шведскиот милијардер Торбјорн Торнквист, кој е и извршен директор и рускиот олигарх и милијардер Генадиј Николаевич Тимченко, кој ја основал и е сопственик на приватната инвестициска фирма Volga Group и има удели во разни руски бизниси, вклучувајќи ја гасната компанија Новатек и производителот на петрохемиски производи Sibur Holding.

Тимченко раководел со државна компанија за извоз на нафта и станал еден од нејзините најголеми акционери кога подоцна била приватизирана. Тој е еден од најмоќните луѓе во Русија, според Форбс, неговото богатството се проценува на 23,2 милијарди долари.

Тој се спријателил со Путин во 1990-тите во Санкт Петербург, кога тој и браќата Ротенберг основале џудо клуб наречен Јавара-Нева. Тимченко бил санкциониран од САД во 2014 година и од ЕУ и Велика Британија во 2022 година.

Тимченко моментално нема удел во групацијата Гунвор, откако ги продал своите акции на коосновачот Торбјорн Тернквист во март 2014 година. Тимченко го продал својот удел во очекување на санкциите од САД, кои биле воведени следниот ден.

Како и при објавувањето на намерата за продажба на странските средства, Лукоил и сега не објави список кои сé подружници ќе бидат опфатени со продажбата. Останува нејасно дали Лукоил Македонија ќе добие нов сопственик по очекуваното успешно затворање на договорот за продажба со Гунвор Груп?

Како и при воведувањето на санкциите од САД кон Лукоил и Роснефт, кога редакцијата на ЦИВИЛ Медиа упати прашање до надлежните институции за можните импликации на воведувањето санкции врз рускитете нафтени гиганти врз работењето на подружницата на Лукоил во земјава и со самото тоа врз финансиското работење, енергетикскиот сектор и економијата на Северна Македонија, така и сега се обративме до Лукоил, Македонско-руската стопанска комора,Владата и МНР на Северна Македонија со прашање дали се запознаени со одликата на  ПЈД „Лукоил“ ја прифати понудата  од Гунвор Груп ДОО за купување на Лукоил Интернешнл ГмбХ која поседува меѓународни средства на Групацијата Лукоил , и дали во таквата промена на сопственоста е опфатена и Лукоил Македонија?

Во одговор на нашето прашање од Лукоил Македонија (по претходно не одговорени неколку прашања, од кое првото поставено уште на 25 септември, и неколку пати повторено и дополнето во меѓувеме) не информираа дека во прилог на ивниот допис ни го доставуваме соопштението на ЈАД ЛУКОИЛ (кое веќе го имавме) и истовремено не информираа дека ЛУКОИЛ Македонија е во 100% сопственост на LUKOIL International GmbH.

 

Драган Мишев во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

Tags: понуда од Гунвор Группродажба на подружниците во странствосанкции за Лукоил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ