пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ
Тринаесетгодишниот охриѓанец, Марко Пејчиновски, поради силни болки во ногата синоќа го прекина соло маратонот во должина од 64 километри, кој сакаше да го отплива во знак на поддршка на лицата со ретки болести.
Марко за само 4 часа и 49 минути, мина 11 километри и 840 метри, во водите на Охридското Езеро.
Вчера сите очи беа свртени кон Марко и сите беа во исчекување дали ќе го преплива езерото, а со тоа (пот)свесно размислуваа и за лицата со ретки болести. Тоа што успеа да го направи Марко, досега ниту една владина кампања или проект на некоја невладина организација не успеа да го постигне, односно да ја подигне јавната свест дека помеѓу нас има и лица со ретки болести, кои не треба да бидат дискриминирани.
Малиот Марко пливаше речиси 5 часа во знак на поддршка за лицата со ретки болести, а што направивме ние останатите за тие лица? Односно, како ги прифаќаме „ретките“, оние поразличните од нас?
Марко пливаше за лицата со ретки болести, ќе се најде ли некој друг „Марко“ што ќе ја подигне јавната свест дека меѓу нас има многу „ретки“ (верски, етнички, сексуални…), и дека сите треба еднакво да ги уживаат правата, без никаква осуда и дискриминација!
Како и да е, за малиот Марко ќе се раскажува како за легендарениот Марко Крале!
П.С. Марко, езерото е тука, ќе го препливаш друг пат…
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.