• Latest

Одлуката на Џонсон за суспендирање на Парламентот е со цел брегзит без договор

August 29, 2019

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Одлуката на Џонсон за суспендирање на Парламентот е со цел брегзит без договор

August 29, 2019 10:33
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да ја суспендира работата на Парламентот ја отежнува кризата со брегзит.

Потегот на Џонсон одобрен од кралицата Елизабета Втора ги ограничува значително можностите за акции на пратениците кои сакаат да го попречат Лондон да ја напушти ЕУ без договор.

„Кралицата немаше друг избор“, наведува Монд.

Пратениците се надеваа дека следниот месец ќе спречат евентуално напуштање на ЕУ без договор, но имаа само десет денови – од 21 октомври до последниот рок – 31 октомври.

„Грубо непочитување на Уставот“, гласат дел од реакциите во европски весници.

Некои веќе го оквалификуваа како „најцрниот ден во историјата на британската демократија“, наведува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

„Се уште претстои да видиме дали британските судови ќе го спречат Џонсон. Но едно е сигурно – Џонсон сака да го спречи Парламентот да запре напуштање на ЕУ без договор. Оваа година повеќето пратеници се залагаа против „тврд“ брегзит. Премиерот сака да ја напупшти ЕУ без разлика на цената, дури и ако тоа означува да го извади Парламентот од игра. Таков процедурален труик не е користен веќе 70 години, нагласува Велт.

Според весникот, тоа е „финален судир во конфликт што трае веќе две години…Џонсон го прекинува функционирањето на Парламентот за да ја испочитува волјата на народот како што тој ја гледа“. Тоа еисронијата на ситуацијата.

„Поддржувачите на брегзит искористија недостиг на демократија во Европа како аргумент за напуштање на ЕУ  и сега кога станува збор за постигнување на нивните цели тие го покажуваат сопствениот значителен недостиг на демократија“, наведува во коментар Велт.

„Напуштањето на ЕУ ќе предизвика штета не само на британската економија туку и на демократската традиција“.

Гардијан го оквалификува решението на премиерот како „напад врз демократијата“ нагласувајќи дека ако дејствијата се соодветни на законот, по дух се пројава на уставен вандализам.

Њујорк тајмс нагласува дека со одлуката за суспендирање на работата на Парламентот Џонсон покажува бескомпромисна тактика и во моментот тој ги користи сите бенифициина извршната власт за да ја поткопа нестабилната опозиција ризикувајќи и уставна криза за да исполни тоа што ветил.

Противниците на британскиот премиер велат дека неговата политика може да доведе до катастрофален брегзит  без договор што има потенцијал да ја подели Велика Британија, да наштети на британското земјоделство и некои индустриски сектори и да ја доведе економијата во рецесија, истовремено и да се појави недостиг од храна и лекови.  Сепак, поддржувачите ги отфрлаат ваквите изјави како обид за всадување страв.

Со своето најдрско решение како премиер Џонсон покажува дека е толку воинствен премиер колку што не беше неговата претходничка Тереза Меј. Тој дејствува порадикално за разлика кога беше граоначалник на Лондон, нагласува Њујорк тајмс. Новиот став е далеку поорганизиран и до голем степен поагресивен, коментира Тони Траверс, професор на Лондонската школа за економија. Според анализтичари Џонсон се обидува да предизвика предвремени избори и смета дека има шанси да победи, наведува весникот.


Извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ