• Latest
Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Манчевски: Има услови на пазарот за дополнителен мобилен оператор

September 10, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Има услови на пазарот за дополнителен мобилен оператор

September 10, 2019 11:15
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на ITU Телеком, ги претстави условите за инвестирање во Република Северна Македонија. Тој, како што соопшти МИОА, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“,  а настанот на едно место собра дел од заинтересираните оператори од повеќе земји од Европа кои имаа можност да ги слушнат условите за инвестирање во Република Северна Македонија.

Министерот Манчевски, како што соопштуваат од МИОА, се осврна на бизнис климата во земјата и условите што ги нуди.

– Република Северна Македонија одржува макроекономска стабилност со инфлација од 0,9 отсто, а истовремено стимулира економски раст и развој. Со неодамнешните економски реформи на Владата се поддржува развој на бизниси и се привлекуваат приватни инвестиции, со што на компаниите им се обезбедуваат услови подготвени да влезат, да се еднакво конкурентни и ефeктивно да излезат од пазарот. Поради овие заложби, се пласиравме на 10-то место за леснотија во водењето бизнис од вкупно 190 земји, според извештајот на Светска Банка „Водење бизнис“ за 2019 година, истакна Манчевски.

Тој додаде дека растечките приливи на странски инвестиции ја задржаа висококвалификуваната работна сила и одржа стабилност на стапката на вработеност во земјата на 46,9 отсто. Во овие реформи, како што посочи, е вклучен и најдобриот пакет за даноци во Европа: 10 отсто корпоративен данок и три отсто корпоративен данок за развој на ИКТ. Како резултат на реформите, Директните странски инвестиции (ДСИ) значително се зголемија во 2018 година, при што изнесуваа рекордни 735 милиони евра и опфаќаа 5,8 отстоод БДП на земјата“, информираше министерот Манчевски.

Зборувајќи за аспектите од ИКТ сферата тој ги претстави поволните услови и развојот на оваа област.

-Секторот за ИКТ е најбрзорастечкиот сектор, со кумулативна стапка на раст од 47 отсто во изминативе пет години, при што опфаќа четири отсто од БДП во земјата. Секторот за ИКТ има вработено над 18 илјади висококвалификувани работници, а дури 257 компании за ИКТ се основани во 2017 година, вели Манчевски.

Тој го претстави и пазарот во контекст на можностите за инвестирање на нов мобилен оператор.

Наведе дека 98,69 отсто од населението и на 75 отсто има сигнал 4G, вкупниот број активни претплатници на мобилни услуги изнесува 95 отсто (на припејд 46 отсто, на постпејд 54 отсто), бројот на претплатници на мобилен интернет изнесува 65 отсто, додека пак бројот на активни M2M SIM-картички изнесува 207 990.

Според презентираните податоци вкупните приходи на пазарот за мобилни услуги во 2018 година изнесуваа 139 милиони евра, а според Индексот на ГСМА за мобилна поврзаност на Република Северна Македонија за 2019 година, инфраструктурата за мобилна мрежа достигна 66,99, подготвеноста за потрошувачи достигнала 73,89, достапност на цените на уреди и услуги достигна 73,78.

Тој оцени дека според ова клучните можности за раст се: Потрошувачи: претплата на бродбенд мобилни услуги – неискористени до 30 отсто од пазарот (тековен удел 65%), јавен сектор/Влада: пазар за користење дигитални услуги – до 80 отсто потенцијал за раст на пазарот (тековен удел 17%-33%), бизниси: користење услуги „во облак“, можност малите и средните претпријатија да продаваат онлајн и онлајн-прекугранична поврзаност – неискористени до 90% од пазарот (тековен удел 1%-16%), Вертикален пазар (IoT, M2M): во моментов се активни 207 990 M2M SIM-картички – голем неискористен дел од пазарот со побарувачка за раст (светски трендови на CARG за 2017-2022 година на 32%, Cisco VNI Mobile, 2019 година) и золемување на просечните приходи по корисник, на инвестициите и на потенцијалот за приходи

Манчевски оценува дека ситуацијата упатува на тоа дека се уште има неискористени делови од пазарот кои може да ги пополни дополнителен мобилен оператор.

Покрај министерот Манчевски, на сесијата се обратија и Јарослав Пондер, раководител на кабинетот на УМТ за Европа,  Дорина Чинари, заменик министер во Министерството за инфраструктура и енергетика, Је Муинг Ру, виш специјалист за дигитален развој на Светска Банка, По-вен Лиу, виш економист на сектор во Европската инвестициска банка, Акос Бона, Директор за меѓународни работи во фондацијата Дигитална иднина, Енрике Медина Мало, главен службеник за политика во Телефоника С.А, Габор Короши, директор во Теленор Унгарија. / МИА

Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ