Повеќе од очекувано, преговорите меѓу тимовите предводени од премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во чии редови има голем број функционери под истрага на СЈО, се движат во една насока. Ноќва, наместо да се преговара за што е можно побрзо донесување на квалитетен закон за јавно обвинителство, најголема мака на преговарачите на ВМРО-ДПМНЕ се судбината на предметите на СЈО. Тие упорно се обидуваат да им стават крај на истрагите и обвиненијата што произлегуваат од работата на СЈО, но безуспешно.
Главна цел на ВМРО-ДПМНЕ им е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од оваа партија да не одговараат пред правосудството. Постојано ја враќаат таа тема за дискусија.
За власта, пак, тоа е затворено прашање, бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај ЈО, сега предметите на СЈО никако не зависат од политичарите. Предметите зависат исклучиво од независната правосудна институција предводена од Љубомир Јовески, како што брифираат извори од преговаракиот тим на власта.
Џ. Дерала












