Германија денеска го одбележува Денот на германското единство, кој се одбележува од 1990 година, по повод 30 години од падот на Берлинскиот ѕид.
Берлинскиот ѕид бил изграден во 1961 година, од комунистичкиот режим на Источна Германија, за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Sидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден.
Кога на 9 ноември 1989, по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објавила дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин, источногерманците се искачувале и го преминувале ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна. Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот биле искорнати од одушевениот народ и од ловци на сувенири, а по неколку недели ѕидот речиси целосно бил отстранет со градежна механизација.
Падот на Берлинскиот ѕид бил првиот чекор во обединувањето на Германија кое се завршило на 3 октомври, 1990 година.
Денеска, германската амбасада во Скопје го одбележува Денот на германското единство, во хотел „Александар Палас“.
На манифестацијата беше откриен Откриен Buddy Bear, од Сергеј Андреевски, по име Бошко, инаку хералдички симбол кој ги симболизира различноста, толеранцијата и инклузијата.

А. Петровска












