• Latest

Дендиас: Поддршка за европерспективата на Северна Македонија согласно условите од ЕУ и целосно спроведување на Договорот од Преспа

October 3, 2019

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дендиас: Поддршка за европерспективата на Северна Македонија согласно условите од ЕУ и целосно спроведување на Договорот од Преспа

October 3, 2019 14:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Грција ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија, согласно условите од ЕУ, а неопходно е и целосно и сеопфатно спроведување на Договорот од Преспа, вели шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, одговарајќи на прашањето на претседателот на Грчко решение, Кирјакос Велопулос.

Македонскиот јазик и неговото изучување во Грција, постоењето македонско малцинство кај јужниот сосед и европската перспектива на Северна Македонија се темите кои ги поставува претседателот на партијата Грчко решение, Кирјакос Велопулос во пратеничкото прашање до министерот за надворешни работи на Грција, а на кои Никос Дендиас писмено дава одговор, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашата земја ја поддржува европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, согласност со поставената условеност од ЕУ. Во овој контекст, неопходно е целосно и сеопфатно спроведување на Договорот од Преспа, пишува Дендиас и додава дека почитувањето на она што е предвидено во Договорот од Преспа „е неопходна алатка за да бараме Република Северна Македонија целосно да ги исполни своите обврски што произлегуваат од овој Договор“.

Во пратеничкото прашање, претседателот на десничарски ориентираната партија, Кирјакос Велопулос пишува дека во организација на „Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик Крсте Мисирков” ќе се воведе пилот програма за изучување македонскиот јазик преку интернет платформа со седиште во Аридеа, еднаш седмично, во периодот од средината на октомври 2019 до јуни 2020 и го прашува шефот на грчката дипломатија дали ова „претставува прекршување на националните суверени права на Грција, бидејќи содржи елементи на иредентизам”.

 -Во однос на јазикот на северниот сосед, Договорот од Преспа забележува дека припаѓа на групата јужнословенски јазици и нема никаква врска со грчката Македонија и грчкото наследство од антиката до денес. Овие работи се однесуваат на соседната земја и нејзините граѓани. Околу тоа кои јазици се изучуваат во нашата земја е прашање регулирано со грчките закони. Во случај приватно здружение да се обиде да го предава горенаведениот јазик, ова тело, како и секое друго, треба целосно да ги почитува одредбите предвидени со важечкиот закон, одговара шефот на грчката дипломатија, пренесе МИА.

На прашањето на Велопулос дали министерот за надворешни работи смета дека „горенаведеното е прв чекор за зацврстување на обидите за признавање на наводно македонско малцинство во Грција”, Дендиас кусо одговара дека „како што е познато, во Грција не постои „македонско малцинство“. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ