„Не е точно дека Венецијанска комисија дала некаков извештај. Тоа се работни верзии во моментот, кои даваат размислување на известувачите по однос на впечатокот што го добиле од еднодневната посета овде на 7 септември и тоа треба дополнително да се разговара во Венецијанската комисија и да донесат конечна одлука. Колку што сум информиран тоа нема да се случи до крајот на годината. Не можам да коментирам нешто што не постои. Ние ќе коментираме конечна верзија на извештај на оваа советодавно тело“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по денешното обраќање на почетокот од тридневната работилница за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судир на интереси.
Османи одговараше на новинарско прашање во врска со мислењето на Внецијанската комисија за Законот за јазици и како ќе се постапува понатаму.
„Законот за јазици е еден од основните столбови на Охридскиот договор што доведе до ситуација да кажеме да легислативниот дел од Договорот е затворен. РСМ влегува во едно постохридско поглавје во имплементација во духот на Рамковниот договор. Секое враќање назад ќе значи отворање на Рамковниот договор и нови преговори“, објасни Османи
Османи потенцираше дека одлично соработуваат со Венецијанската комисија и речиси сите законски решенија во правосудството се договорени со нив.
„Се разбира дека ќе ги разгледаме и ќе ги земеме предвид нивните препораки, но одлуките ги носиме ние, тука во Собранието. Но, нема таков извештај. Има работни верзии. Вие сте виделе една работна верзија, јас сум видел работна верзија од Венецијанска комисија која вели дека двојазичноста на банкнотите е добра. Добра е и на униформите на војската. Затоа велам дека се работни верзии, што даваат различен поглед на различни известувачи по однос на прашањето. Да оставиме таа да излезе со конечен извештај, па потоа да видиме што од тоа ќе одговара на нашиот политички контекст, а што е спротивно од нивното мислење, спротивно од нашите погледи како треба да го развиеме нашето мултиетничко општество и мултиетничка држава“ , потенцираше Османи.
Биљана Јордановска
Камера и монтажа: Ариан Мехмети