• Latest

Бугарското Собрание расправа за Предлог-декларација за поддршка на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

October 10, 2019

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бугарското Собрание расправа за Предлог-декларација за поддршка на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

October 10, 2019 10:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарското Собрание денеска расправа за Предлог-декларација со која се предлага Бугарија да даде целосна поддршка отпочнувањето на преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Како што јави БГНЕС, расправата по Предлог-резолуцијата е прва точка на денешната седница на бугарското Собрание. Предлогот за вметнување на оваа точка на дневниот ред на собраниската седница го поддржаа 130 пратеници.

Во Предлог-декларацијата се наведува дека бугарското Народно собрание е посветено на проширувањето на ЕУ и на Процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија.

Во документот се нагласува дека европската интеграција „нема да биде на штета на искривување на историските настани, документи и артефакти, како и на улогата и ставовите на лицата од бугарската историја“.

Со декларацијата Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што беше потпишан од премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август 2017 година.

Во текстот се посочува дека Бугарија „се залага за прифаќање на историската вистина за заедничка историја што ја споделуваат двете држави и народи“.

Бугарското Собрание бара земјава целосно да го спроведе „договореното и постигнатото во рамки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, како и тие да бидат вклучени во училишните програми и материјали во најкус можен рок“ и се бара „да прекине секаква форма на говор на омраза кон Бугарија и кон граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско национално чувство, вклучително и во медиумите и на натписите на спомениците“.

– Да се воздржат од дејствија што се однесуваат на обиди за поддршка и поттикнување на тврдења за признавање на т.н. „македонското малцинство“ во Бугарија, вклучително во меѓународни организации и мултилатерални формати, стои во едно од барањата до земјава наведени во Предлог-декларацијата.

Во делот од документот што се однесува на евроинтеграцијата на Албанија, се бара донесување на закон за малцинствата и гарантирање „со максимален степен на правото на бугарското национално малцинство во оваа држава за изучување на бугарскиот литературен јазик како мајчин во регионите во кои живее – Голо брдо, Гора, Преспа, Корча, Елбасан и Кукс“.  Во текстот се бара и спроведување на попис на населението во Албанија во согласност со европските стандарди, со цел да се добие објективна слика за етничкиот состав на земјата.

– Ние, народните претставници во 44. Национално собрание на Република Бугарија, преземаме политичка и граѓанска обврска да инсистираме секоја идна бугарска влада чиј мандат ќе се спроведе во временските рамки на преговарачкиот процес на ЕУ на двете земји, внимателно да го следи спроведувањето на горенаведеното. Врз таа основа и во вакви услови 44. Народно собрание на Република Бугарија го поддржува започнувањето на претпристапните преговори на ЕУ со Република Северна Македонија и Република Албанија. Во тие рамки Народното собрание ја одобрува Рамковната позиција што ја усвои Советот на министри на 9 октомври 2019 година, се заклучува во Предлог-декларацијата.

Бугарската Влада на вчерашната седница усвои Рамковна позиција со која се поддржува започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија и Република Албанија со ЕУ, но се нагласува и дека Софија ќе инсистира на почитување на добрососедските односи.

– Бугарија е постојана во поддршката за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан со оглед дека процесот на присоединување е клучен двигател за реформи и стабилност во регионот. Бугарија ја поздравува и поддржува препораката на ЕК за започнување на претпристапните преговори како со Република Северна Македонија, така и со Албанија. Во исто време, Бугарија не треба да дозволи интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ да биде придружена со европско легитимирање на антибугарска идеологија спонзорирана од државата, објави по седницата бугарскиот премиер, Бојко Борисов на неговиот Фејсбук профил.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    211 shares
    Share 84 Tweet 53
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ