• Latest

Дебатa: Професионална поставеност на новинарската професија – предизвици и компаративни искуства

October 10, 2019

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дебатa: Професионална поставеност на новинарската професија – предизвици и компаративни искуства

October 10, 2019 13:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Справувањето со се поголемиот број лажни вести и дезинформации што се појавуваат во Интернет просторот, потребата од лиценцирање на новинари и медиуми, потребата од саморегулација на медиумите, беа теми на дебатата „Професионална поставеност на новинарската професија – предизвици и компаративни искуства“.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски рече дека Владата има обврска да ја почитува слободата на говорот и слободата на изразување и да ја почитува новинарската професија и професионалните стандарди.

– Саморегулацијата ја има нашата целосна поддршка и секогаш ќе стоиме позади она што еснафот смета дека е најдобро како решение за кое било од овие прашања, рече Поповски.

Истакна дека земјава се наоѓаме под една изразена агресија на неточни, лажни вести, дезинформации и полуинформации што се креираат и од овде, но доаѓаат и од надвор.

– Оваа состојба ја дефинирам како специјална војна што и се случува на државата. Без дилема, лажните вести се новото оружје за масовно уништување и граѓаните тешко ги препознаваат ваквите дезинформации, истакна Поповски.

Според него, до последниот момент на финализирање на евроатлантските интеграции земјава ќе биде на удар на лажни вести.

Вели дека Владата ќе ги почитува новинарските стандарди, онака како што самите новинарски здруженија ќе ги дефинираат и оти до денес нема никакво ограничување на никого да присуствува на прес-конференции. Додаде дека секој чекор што се прави во заштита на слободата на говорот, да не предизвика ограничување на слободата на говорот.

Во врска со лиценцирањето на медиуми, вели дека тоа веќе го имаат радијата и телевизиите.

– Лиценцирање на медуми има. Телевизиите и радијата дозволите ги добиваат од АВМУ. Но издавање лиценци на новинари е многу опасна работа. Тешко е да се дефинира кој може, а кој не може да биде новинар. Дебати треба да има, но ризично е некому да кажете дали смее или не смее да биде новинар, бидејќи тоа може да се сфати како многу сериозно ограничување, оцени Поповски.

Младен Чадиковски претседател на ЗНМ вели дека целиот проблем со се поголемото присуство дезинформации и рушење на стандардите на професијата не може да се реши со едноставни решенија.

– Проблемот на создавањето лажни вести и рушењето на стандардите во професијата во многу нешта во изминатиот период, освен што беше проблематичен што новинарството загуби дел од својот кредибилитет, тоа се случуваше и поради тоа што политичарите се обидоа и наметнаа критериуми и услови за работа на медиумите во кои тие не можеа да функционираат така како што треба, и почнаа да се рушат стандардите на професијата, оцени Чадиковски.

Истакна дека креатори на лажните вести многу често се и самите политичари.

– Новинарите, што поради неквалитет што поради таа создадена клима на пренесување информации, безусловно ги пренесуваат таквите вести. Во таква рамка мора да исцрпиме прво општествена политичка волја за сузбивање со лажните вести, за да можеме да го направиме тоа на добар начин, рече Чадиковски.

Според него, еден од начините за справување во тоа е преку саморегулативните тела.

– Во соработка со Советот за етика на медиумите и со Стопанската комора сме во фаза на изработка на регистар на професионални он лајн медиуми. Тоа ќе биде добра база што понатаму ќе може да создаде услов за препознавање, наспроти непрепознавање на професионалните новинари, посочи тој и најави дека за околу еден месец ќе биде готов регистарот на професионални он лајн медиуми.

Катерина Синадиновска од Советот за етика на медиумите, истакна дека лажните вести произлегуваат од пропагандистички дувла на одредени центри за моќ.

– Критериумите што ние ги изготвивме избегнуваат можност за субјективизам. Тие стандарди се европски прифатени од сите вакви тела во Европа. Тоа се базични критериуми кои мора секој медиум што сака да буиде медиум треба да има импресум, адреса, транспарентно сопствеништво, правно лице кое ќе биде позади медиумот, да се почитува даден кодекс на новинари, и тука треба да има алатка како форма каков тип треба да имаме како санкција, рече таа.

Истакна дека медиумската писменост е од огромно значење во борбата против лажните вести, и рече дека поднеле иницијатива до Министерството за образование, медиумската писменост да се вметне како предмет во основното образование.

В.д. претседателот на ССНМ, Ѕвездан Георгиевски рече дека новинарството денес се наоѓа во фаза на самоуништување, преполно е со спинови, дезинформации, полувистини, дури и целосни лаги, и во тој квантум на несигурни вести читателот многу тешко може да препознае квалитетно новинарство или кредибилни медиуми.

Дебатата се организира во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуими, Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ