• Latest

Шекеринска: Со измените на Законот за одбрана се усогласуваме со обврските како идна членка на НАТО

October 15, 2019
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Со измените на Законот за одбрана се усогласуваме со обврските како идна членка на НАТО

October 15, 2019 16:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска со осум гласа „за“ констатира дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана го образложи вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа соопшти дека се работи за системски закон, кој одамна е донесен, ретко е менуван поради потребата од двотретинско мнозинство и, како што рече, на многу места „страда“ и од неусогласености со останати закони и од некои недоследности во поглед на функционирање на целиот одбранбен систем.

– Нашата цел беше да се сконцентрираме на чистење на неусогласености и на обврските кои државата ги презема како идна членка на НАТО. Согласно членството во НАТО ние преминуваме од систем на индивидуална во систем на колективна одбрана. Заради тоа едно од главните прашања што ги менуваме во законот – во случај на напад на кој било членка на Алијансата, тоа претставува закана за сите и ги мобилизира сите членки, но важи и обратното, рече Шекеринска.

Во Законот, Владата дава еден предлог на кој начин ќе носат тие одлуки. Според предлогот, Собранието е главната институција која носи одлука во случај на неповолни ситуации и закани по безбедноста да се побара реакција од страна на Алијансата.

– Во дополнителна одредба кажуваме доколку Собранието нема можност да се свика, само во тој случај Владата ја носи одлуката место него и веднаш, на прва седница го информира Собранието за тоа да ја потврди одлуката, рече Шекеринска.

За процедурата за учество во мисии и операции на НАТО, Шекеринска рече дека досега во нашата законодавна пракса, без разлика дали се работело за мисија или операција на ОН, ЕУ или на НАТО, правилата беа исти – Владата предлагаше, а одлука носеше Собранието.

– Сега за сите НАТО операции, каде државата презема обврска да биде побрза, поефикасна и на време да реагира, одлуката за учество во одредена НАТО мисија ја носи Владата. Но, на крајот на секоја година поднесува Извештај за учество во сите мисии кои Владата сметала дека треба да бидат прифатливи. За сите останати, друг тип операции, кои се меѓународни, но не се на НАТО по својата природа, останува досегашниот систем. Предлогот го дава Владата, одлуката ја носи Собранието, рече Шекеринска. Таа додаде дека во Законот дополнително се дефинирани ингеренциите на сите институции кои учествуваат во системот за одбрана и стратешките документи кои секоја од нив ги носи.

Шекеринска информира дека со измените на законот целосно се регулира прашањето за учество на цивили, вработени во министерствата за одбрана, за здравство и за внатрешни работи, како резервен состав, доколку самите изразат волја, желба и ако има потреба таков кадар да учествуваат во мисии. Сите наши учесници во мисии, без разлика дали се цивилни лица или припадници на Армијата, ќе ја носат нашата униформа, а обележјето ќе биде исклучиво знамето на државата. Во законот првпат, како што рече министерката, вградуваме принцип на правична застапеност.

За Предлог-законот немаше воздржани или членови кои гласаа против. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата на почетокот на седницата. Според нив, СДСМ и мнозинството амандмански интервенирало во веќе усогласениот Закон за следење на комуникациите, кој е двотретински.

– Овој Закон заеднички го усогласивме и предложивме во Собранието. Помина прво читање, едногласно беше усвоен од Комисијата за одбрана, но со усвојувањето на амандманите од Законодавно-правната комисија, Законот во целост ја менува својата суштина. Сметаме дека СДСМ нема капацитет да се усогласува со опозициајта за двотретински закони, не си држи до зборот и праќа лоша порака, дека во иднина било какви преговори можат да бидат амандмански интервенирани во Собранието. Едноставно се нема слух за ставовите и решенијата што доаѓаат од опозицијата, рече на прес-конференција пратеникот Емил Димитриев.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ