• Latest

Минималната плата ќе расте, се очекува спирално покачување на платите, но и евентуално затворање на помалите текстилни конфекции

October 16, 2019
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Минималната плата ќе расте, се очекува спирално покачување на платите, но и евентуално затворање на помалите текстилни конфекции

October 16, 2019 09:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Минималната плата од декември ќе биде зголемена за 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари што, според Владата, е историски највисок износ досега. Зголемувањето се очекува да предизвика и спирално покачување на останатите плати во државата, но не се исклучува и можноста за евентуално затворање на помалите текстилни компании.

Новото покачување на минималната плата, како што вчера информираа социјалните партнери, е постигнато преку искрен социјален дијалог, а од Владата се оптимисти дека до крајот на мандатот ќе го исполнат и даденото ветување за минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари.

– Ја поттикнуваме и спиралата на раст на платите и со владините мерки добиваме и покачување на просечната плата. Засега е покачена за 5,6 проценти на годишно ниво во 2018 година. Оваа година секој месец имаме покачување на просечната плата за истиот месец од претходната година. Тоа ни дава за право да бидеме оптимисти и да најавиме дека до крајот на мандатот ќе ги постигнеме целите за просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари, изјави вчера премиерот Зоран Заев, кој заедно со економскиот владин тим го најави новото зголемување.

Трудоинтензивните дејности како текстилната и кожарската индустрија предупредуваат дека постои можност за затворање на помалите компании, кои не ќе можат да го издржат притисокот од покачувањето на минималната плата, но се надеваат дека работниците од овие компании ќе можат да се вработат во поголемите текстилни конфекции.

– Најголем притисок од порастот на минималната плата ќе имаат трудоинтензивните дејности. Мислам дека пазарот ќе успее да ги прифати вработените од евентуалните затворања на овие помали компании, кои не работат директно со клиенти, туку земаат работа преку втора-трета рака и оти овие вработени ќе се вработат во оние конфекции што ќе обезбедат поголема продуктивност, подобри услови за работа и почитување на работничките права, рече вчера претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.

За Владата, со зголемувањето на минималната плата не се прави притисок врз компаниите, туку им се гарантира платата на најзагрозените категории вработени кои немаат алтернатива во делот на мобилноста поради својата возраст или други причини.

Како опција на располагање на компаниите што не ќе можат да ја исплатат загарантираната минимална плата им стои и Законот за субвенционирање плати, кој е во собраниска процедура и кој се очекува да стапи во сила во ноември.

– Минималната плата е загарантирана како 14.500 денари и таа стартува од декември. Мерката за субвенционирање на платите се однесува на покачување од минимум 600 до максиум 6.000 денари и државата го покрива придонесот за покачувањето. Ако покачат 2.000 денари во ноември со исплата во декември, тогаш тие ја покачиле минималната плата и ќе ги искористат субвенциите за покачување на платата. Значи мерките се комплементарни една на друга, но тоа не значи дека сите ќе ја покачат минималната плата користејќи субвенција. Некој ќе ја покачи со субвенција, некој без субвенција, но во секој случај даваме опција бизнис-секторот кој не може да го издржи ова покачување, да може да ја искористи мерката за субвенционирање, појасни вчера министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

За покачувањето на минималната плата вчера се изјаснија и синдикатите, според кои, сумата не е занемарлива, но сметаат дека треба да има и сразмерно зголемување на останатите плати во државата.


извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ