Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи не се согласува со ставот на премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска дека ќе бидат имплементирани сите препораки од Венецијанската комисија. Во гостување на телевизијата Алфа, Османи рече дека „Законот за јазиците нема да се чепка“,без разлика какви и да бидат конечните забелешки од Венецијанската комисија. Османи додаде дека само со консензус може да се направат измени во овој закон.
Комисијата забележа дека во одредени области, „Законот оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски за јавните институции“.
извор: Слободен печат